Главниот лик добива порака, камерата зумира, и добри неколку секунди на екранот не се случува ништо, дури вие со напор се обидувате да прочитате што пишува на неговиот телефон. Ако преписката продолжи, шансата дека ќе останете така навалени е прилично голема. Ако пак режисерот се одлучи ликовите да ги читаат пораките, тоа знае да биде и уште посмешно, бидејќи тие практично ја „глумат" нивната содржина.
Тони Зу во ова видео анализира некои од подобрите начини како филмски да се прикаже пишување пораки и користење интернет, сосе рани примери од јужнокорејски и јапонски филмови. Секако, во испраќањето СМС предничи Шерлок, иако и во House of Cards не ги штедат мобилните.