Комплетот ги вклучува Wonderwall Music, Electronic Sound, All Things Must Pass, Living In The Material World, Dark Horse и Extra Texture, сите преработени од оригиналните аналогни мастери. Тој исто така содржи ДВД со над 40 минути видео снимки, ретки и до сега необјавени фотографии, како и книга есеи со вовед напишан од син му на Џорџ, Дани, кој раководел со дигиталната реставрација на шесте албуми.
Првите два, кои Џорџ ги направил додека сè уште бил со Битлсите, не личат на ништо друго што било издадено во светот на поп музиката во доцните 1960-ти. Wonderwall e всушност саундтрак од истоимениот филм од 1968, во кој глумела Џејн Биркин. Еlectronic Sound е резултат на неговото истражување на муг синтисајзерот, и тој едвај влегол во Топ 200 на американските топ листи. Но за негово ремек-дело се смета тројниот All Things Must Pass од 1970, а на него меѓу другите се наоѓа и My Sweet Lord.
Трејлерот за новото издание
Една од нашите омилени од Џорџ: