Таг: видео

2,600 години културна историја во 5 минути

Најнов производ во една област која доживува подем - визуелизација на комплексни бази податоци. Во случајов се работи за мапирање на местата на раѓање и умирање на битни културни фигури кои, иако се работи за распон од повеќе од два милениума, како да следат една иста шема: кај и да се селат, не се оддалечуваат многу од дома.

Режисерско деби на Спрингстин

Брус, во соработка со Том Зимни, кој последниве 14 години прави спотови и документарци за Шефот, го обелодени својот режисерски првенец - краток филм за една од песните на неговиот последен албум.

Нова реклама на Линч за лак за нокти

Kултната серија Твин Пикс, која ги одбележа 1990-тите, неодамна наполни 25 години. Се изнапишаа куп анализи и ретроспективни есеи за откачениот стил на Линч, кој доследно си се држи до него. Дури и во најновата реклама за - лак за нокти.

Како да промовираш речник

Има ли нешто подосадно за рекламирање од речник? Врти-сучи, што и да смислиш пак мора да биде нешто што ќе ги убеди купувачите дека си академски настроен и сериозен. Или?

Што е поважно - вашата работна биографија или некрологот?

Сè почна од еден твит: „Жал ми е што нема да го слушнам мојот посмртен говор. Тоа ќе биде сè што сум требала да бидам.“ Следеше линк до говор на ТЕД, кој зборува за јазот помеѓу два аспекта на нашите личности - онаа која живее за добро си-ви, и онаа која живее за добар некролог. Што би одбрале вие?

„Монти Пајтон (главно) во живо" (02 Арена, Лондон, 20. јули 2014)

„Кој ќе речеше пред 45 години дека денес ќе седиме тука и ќе настапуваме како Монти Пајтон" - вака Ерик Ајдл го отвори шоуто, кое беше десети настап на пајтоновци во арената О2 во Лондон ова лето, и (наводно) финален за вјек и вјеков.

Патентираните пронајдоци на Марлон Брандо

Славниот актер бил редовен читател на Scientific American, имал голем број креативни идеи, а некои од нив успеал и да ги патентира. На пример нов тип конги, кои лесно се затегнуваат. 

„Спрингстин и јас“ (2013)

Повеќето критики за филмот велат дека тој има смисла само ако сте фан на Шефот. Но ако само малку го проширите визирот, тој е славење на музиката воопшто, на нејзината моќ да ви влезе под кожа и да влијае врз вашиот живот, онака како што музиката на Брус повлијаела врз неговите фанови, кои се вистинските автори на филмот.

Црква на новата улица „Џорџ Карлин"

Црквата Корпус Кристи на Менхетен, каде славниот комичар и писател одел на школо, а која беше честа мета на исмевање во неговите монолози, има нова адреса: улица Џорџ Карлин.

Адвокатот (2013)

Филм на Ридли Скот со Мајкл Фасбендер, Пенелоп Круз, Камерон Дијаз, Бред Пит и Хавиер Бардем. Зарем може тука нешто да тргне наопаку? Епа може.

Кога Колтрејн свири зборови

На снимањето на еден од најзначајните албуми во историјата на џезот, Џон Колтрејн ставил пред себе стихови од псалм кој го напишал самиот, и почнал да свири. Не ноти, туку самите зборови. 

Шведскиот Форест Гамп

Комедија базирана на бестселерот на Јонас Јонасон од 2009, сега претворен во еден од најскапите скандинавски филмови. Главен јунак: стогодишник кој на светот гледа не со сарказам, туку со благонаклона љубопитност и подготвеност за авантура. Звучи добро дури и за некој двојно помлад.

Празнината која останува кога ќе завршите добра книга

Можеби ви се случило да ги тегнете последните неколку страници, само за читањето подолго да ви трае. Крајот на некоја добра книга е како крај на пријателство, врска или годишен одмор - знаете дека ќе има и други, ама дали ќе биде исто толку добро?

Културна историја на лифтот

Една работа заради која ми олесна откако се преселив во куќа е што не морам постојано да се среќавам со комшии пред или во лифтот, за по куртоазните поздрави да ја делиме онаа незгодна тишина. Добро, лифтот знае и да е интересен ако се заглавиш со вистинскиот човек. Или ако, како во „Приказни по телефон“, те однесе до ѕвездите. 

Премиера на операта за Челини на Тери Гилијам

Приказна за креативен гениј кој е истовремено битанга и за лудилото на едно време? Магнет за Тери Гилијам, кој е специјализиран за тешки теми и за сложени продукции. Извадоци од неговиот дневник додека ја работел операта на Берлиоз, според автобиографијата на славниот Челини.

Филмот на 11-годишниот Ларс фон Трир

Роден 1956, Ларс својот прв „филм" го снимил на 11-годишна возраст. Насловот е „Патување во смачканата земја: супер филм за еден колбас". И да, се работи за еден колбас со човечки лик. И за неколку зајчиња.

Тишината како филмска категорија

Како и во музиката, и во филмот тишината знае да направи многу силен ефект. Особено ако се применува во некоја и онака јака сцена, со што нејзината емотивна тежина само се зголемува.

Џез пејачот со необично висок глас кој играше во „Твин пикс“

Препознатлив по речиси женскиот глас, тој ќе остане запаметен по неговата соработка со џез легенди како Чарлс Мингус, Лестер Јанг и Чарли Паркер, но и по оние со Лу Рид и Дејвид Линч. И по интересната животна приказна.

Како да познаеш германски шпион

Eден навидум обичен збор јасно покажува дали англискиот ви е мајчин. И истовремено ве прави смешни кога немате појма од германски, а треба да го изговорите на овој јазик. Потврдено со видеа и многу смеење.

Ептен минималистички филмски постери

Кога е во прашање минимализмот, работата е колку далеку може да се оди, а пораката сепак да биде пренесена. После овие постери не знаеме што би можело да биде кажано повеќе. Пардон, помалку.

Кој сака да биде поет-милионер?

Шоу од типот на Поп идол или Икс фактор, во кое учесниците пишуваат и рецитираат своја поезија, а 70 милиони луѓе со невидена возбуда ја очекуваат следната епизода. Не е кромид, ова навистина постои.

„Конгрес“ (2013)

Трето издание на филмскиот клуб, во кој твитерџиите гледаа филм правен по романот на Станислав Лем „Футуролошки конгрес“. Некако имаме впечаток дека мислењата овој пат се поделени по родова линија. Вреди за организирање конгрес на оваа тема. Добро, твитап.

Винил кој „оживува“ преку апликација

На Ино не му е прв пат да замеша прсти во светот на телефонските апликации - претходно работеше на музички базираните Bloom, Air, Trope и Scape. Последната е направена во соработка со Карл Хајд од Андерволд, а по повод нивниот заеднички албум, Someday World.

„Непријател" (2013)

Ти кажуваат дека филмот е за човек кој случајно сфаќа дека има двојник. Ментално го сместуваш во жанр трилери, и цел филм ги пропушташ сите можни хинтови кои упорно ти посочуваат на нешто друго. На последната сцена сфаќаш. Дека треба да го почнеш од почеток.