Филмот, всушност анимација, е направен со 8мм камера, а техниката и дизајнот се одлични и најавуваат дека ова момче ќе продолжи да се занимава со филм и ќе изгради свој специфичен стил.
Видеото, кое трае околу две минути, се однесува на антропоморфизиран колбас кој оди на посета кај неговите пријатели-зајачиња, но како вистински сувомеснат супер-херој е приморан да ослободи едно од нив од канџите на „лошиот". Зборот на крајот од видеото не значи она што мислите, туку на дански е „крај".
Забелешка: видеото е направено 1967, значи многу пред естетиката на Телетабиси и сценографијата на мундијалското студио на МТВ