Таг: видео

Стиховите и музиката на Моли Дрејк, мајка на прерано починатиот Ник Дрејк

Утре (26.5) излегува нов албум на британската фолк група The Unthanks, целосно посветен на песните и музиката на Моли Дрејк, мајката на прерано починатиот и нам драг Ник. Тоа е повод за потсетување на животот на оваа жена, која умрела дваесет години по самоубиството на нејзинот син. На нејзиниот гроб како епитаф стои стих од негова песна.

Човекот кој организираше 250 сликари да нацртаат портрет на неговиот пријател

Брет Јаско и Џон Ригерт се долгодишни пријатели. Обајцата живеат во Питсбург, каде првиот се занимава со графички дизајн, а вториот со сликарство. Но Џон уште од трауматичното детство постојано имал психички проблеми. До моментот кога неодамна посегнал по својот живот.

Необичното мото на крајот на филмовите на Џонатан Дем

Завчера, 26.04, почина славниот режисер на „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Омажена со мафијата“ и „Филаделфија“. Познати се случаи кога негови колеги вметнуваат препознатлив „печат“ не само во, туку пред и после своите филмови. Ама мотото на Дем има специфична приказна.

Атентатот врз Кенеди реконструиран на гусли

Вакво нешто до сега немавме чуено. Всушност, доживувањето е мулти-сензорно, бидејќи додека го слушате стариот гуслар исто како да гледате филм - акција, трилер, драма. Тоа е и смислата на епската поезија, која раскажува за значајни историски настани, за да им е вечна слава на оние кои учествувале во нив.

Сплет од народни игри и фитнес

Што да се стори ако некоја заедница која e по традицијата има проблеми со срцеви заболувања и дебелина, а не е нешто по фитнес клубови? Дај им да играат народно.

Како да преведеш музика на јазикот на глувонемите?

Во 1990 американскиот Конгрес носи закон (Americans With Dissabilities Act), според кој на големите концерти треба да има толкувач за глувонемите лица. Но дури и професионалните дефектолози до тогаш се немале соочено со ваква задача - да пренесеш не само значење на одреден збор, туку на идеи кои се органски поврзани со звуци. Една од толкувачките одлучила да стане покреативна.

Кога цитат од Леонард Коен служи за да опишеш бомбардирања како „убави“

Koга во 30 секунди во живо новинар три пати ќе нарече ракетна офанзива „убава“, тој си го бара. Кога притоа ќе искористи и стихови на Коен, е тогаш треба и да си го добие. 

Мистериозниот „граматички одмаздник“ од Бристол

Наречен е „Банкси на интерпункцијата“ - коректор кој доцна ноќе ги средува натписите, рекламите и уличните знаци во неговиот град. По една деценија мистериозност, Би-би-си го откри и го сними.

„Лејди Гага на француската математика“ во Македонија

„Во петок, 7 април во МАНУ ќе се одржи предавање на славниот математичар Седрик Вилани, под наслов Уметноста и математиката“, гласи поканата која некако стигнала во нашето сандаче. Темата, како и фотографијата со човек со свилена машна, брош во форма на пајак и стаклена кугла, кој сосема отстапува од стереотипниот лик на математичар, нè натераа да прочепкаме. Кој е тој Седрик Вилани?

Како да прикажеш историја на филм?

Еден куп историски настани ги знаеме затоа што сме ги гледале преточени во филм, а не затоа што сме гледале документарни снимки од истите. Колку е голем јазот помеѓу овие две прикажувања на она што (наводно) се случило?

„Хорас и Пит“ (2016)

Серијата во десет продолженија за семејство кое држи бар со стогодишна традиција во Њујорк најпрвин изненадува затоа што е со Луи Ц.К. а не е комедија. Ако го надминете ова првично изневерено очекување, може да се фатите како уште некоја минута по завршувањето на секоја епизода зјапате во затемнетиот монитор, размислувајќи за смислата на животот. А признајте, од кога не ви било така?

Реклама со фудбалери во САД на која под итно ѝ треба „delete“

Погледнете ги со време овие залудно потрошени 15 секунди со играчи кои настапуваат во МЛС лигата, бидејќи од што е глупаво видео, сигурно наскоро ќе биде тргнато од интернет. Па ова е човече клип како од Нинџа Желки.

Кога владата на САД добила Оскар

Во 1964 шефот на Информативната агенција на САД, Џорџ Стивенс помладиот, составил тим кој требало да сними филм под наслов „Деветмината од Литл Рок“. Тој следната година го добил Оскарот за најдобар краток документарец.

Рап албум како докторска дисертација

А. Д. Карсон од Универзитетот Клемсон во Јужна Каролина е поет, активист и рап артист, но не и типичен кандидат за докторска титула. Кога дошло време да ја пишува тезата, тој влегол во студио, и наместо текст на хартија креирал албум со 34 песни. Нека му е со среќа одбраната.

„Врева на времето“ од Џулијан Барнс

Прв роман на Барнс откако доби Букер во 2011 за „Ова личи на крај“, ова е далеку послабо дело, чија единствена добра страна е што, на додуша прилично емоционално воздржан начин, го опишува односот помеѓу уметникот и Моќта - таа „мачка што ги остри канџите од неговата душа“.

Што значи англискиот израз „студено рамо“?

Додека во македонскиот за игнорирање или изневерување на нечии очекувања се користи идиомот „му сврте грб“, во англискиот е доволно и едно рамо. Но битно е да е студено.

32.567 твитови од Хари Потер против Пирс Морган

Во последната епизода (10.2) од шоуто на Бил Маер имаше супер „панелисти“ - „папата на трешот“, режисерот Џон Вотерс, поранешната советничка на Обама Карин Жан-Пјер, водителот Пирс Морган и комичарот Џим Џеферис. Последниве двајца баш фино се испокараа. А ним потоа на Твитер им се придружи и авторката на „Хари Потер“.

Џек Николсон ќе глуми во холивудска верзија на „Тони Ердман“

Германскиот филм, кандидат за Оскар и за Златен глобус, е топла приказна за однос помеѓу татко и ќерка, која на моменти има апсурдни и трагични тонови. Сега се подготвува негова „американизација“. 

Авторите на Саут Парк: „Сатирата стана реалност“

Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални.

Сите сцени од „Денот на мрмотот“ во едно видео

„А што ако нема утре? Eве на пример, денес немаше“.

Нов троен албум на Дилан

Човекот убаво викаше дека е премногу зафатен за да го оддржи Нобеловиот говор, и дека затоа ја праќа Пети Смит да го стори тоа во негово име. Тогаш не му веруваа, ама еве, сега кога му излегува нов албум, јасно е дека имал работа.

Како тоа „Ла ла ленд“ не е „ништо особено“?

Наспроти латинската мудрост која упорно го тврди спротивното, вкусовите, па и оние филмските, си се стандардно поле за расправање. И генерално, фала богу за тоа. Но одамна не сме доживеале филм да направи толкав раскол, при што најлошо проаѓаат оние кои останале рамнодушни.