Албумот на Карсон, Owning My Masters: The Rhetorics of Rhymes & Revolutions, го користи хип-хопот за да истражи идеи поврзани со идентитетот, правeдноста, економијата и јазикот. Дел од песните е веќе објавен на Јутјуб, и тие станаа вистински хит уште пред одбраната, закажана за утре, 24.02.
И неговата претходна академска работа имала врска со музика, но ова е прв случај на неговиот Универзитет (а не сме чуле за ваков пример ни на други места) некој да брани докторска во областа на општествените науки не со класичен текст на хартија, вкоричен во онаква црвена или темно сина тврда корица со златни букви и жигот на Универзитетот на насловна, туку со музички албум.
Секако, за сето ова да помине пред факултетските органи помогнал и еден од професорите, Ченераи Куманјика, поранешен хип-хоп музичар, со докторат во областа на масовната комуникација. Тој, пред да стане професор на Клемсон, бил член на Д Спукс, кои во доцните 1990-ти и раните 2000-ти имале неколку златни и платинести албуми. Тој му станал ментор на Карсон и му помогнал со литература и со насоки во врска со теоријата и методологијата на истражување на темите на кои се однесува дисертацијата - расните и класни хиерархии, производството на знаење и третирањето на различноста.
„Централната теза на мојот труд“, вели Карсон, „е дали некои гласови се третирани различно? Се обидувам истражам како автентични црни гласови можат да бидат искористени и прифатени како такви, или да бидат игнорирани.“ Тој признава дека дел од стиховите се контроверзни, но е благодарен на неговиот Универзитет и на тамошната академска заедница што му овозможиле да се занимава со оваа тема, на начин на којшто тој најдобро знае да го направи - пеејќи за нив.
Еве како звучи тоа во Воведот за тезата:
Целиот албум за слободно симнување тука