Кога станува збор за ре-креирање познати историски настани на филм, овој медиум е во незгодна ситуација: од една страна треба да ги прикаже луѓето и настаните за кои станува збор со одредена доза на точност, но истовремено да додаде малку субјективност за приказната да не изгледа како историска лекција туку баш како приказна.
Различни режисери излегле на крај со оваа тензија на различни начини, а има и такви кои во својот опус експериментирале со обата пристапи. Таков е на пример Оливер Стоун кој во филмвите како Салвадор, Никсон и Сноуден тежнее кон историска објективност, но во ЏФК или Светскиот трговски центар ја користи историјата како основа, но се занимава со по лична приказна.
Во следново видео од некој под име Вугар Ефенди во две прозорчиња се прикажани токму такви сцени, од документарни снимки и од нивните филмувани верзии. Ги има тука La vie en rose, Catch me if yоu Can, Man on the Moon, Jackie и многу други. Ова овозможува детален увид во режиесрските постапки, кои понекогаш се фокусирани на буквално копирање на она што се случува во историскиот дел, а друг пат истото го користи само како инспирација.