Слична приказна кружеше и кај нас. Пензиониран професор по македонски наводно шетал наоколу со гумичка и молив и поправал сè за што мислел дека е коректорски или лекторски погрешно напишано, од огласи до натписи на домофони и врати.
За него не сме сигурни дека постоел, но овој до Бристол е доказ дека поривот за ставање точка на погрешната интерпунција и другите граматички пропусти е толку голем што може да стане нечија суперхеројска мисија. Иако неговото име сè уште не е познато, тој за Би-би-си изјавил дека е семеен човек кој по професија е инженер, но чија пасија е коректната граматика на англискиот јазик.
Сè почнало кога од нервоза тoj изгребал непотребен апостроф од знак, a бидејќи од тогаш почнал да ги забележува насекаде, си направил и посебен „апострофизер“ - долга прачка која му овозможува да стигне до натписите на продавниците и да покрие или да додаде интерпункциски знак. Освен тоа, има направено и специјална скала која го штити од паѓање врз излозите, а со себе носи скалпер и парчиња самолеплива лента, за покривање на грешките.
Со оглед на тоа што е од Бристол, родниот град на славниот графити уметник, мистериозниот грама одмаздник е нарекуван „Банкси на интерпункцијата“. Тој не се смета за криминалец заради тоа што ги менува знаците, кои се „гласни и ти се смеат в лице“, односно сами си го бараат. Едноставно, не може да ги поднесе. Но има и случаи кога сопствениците му се благодарни, како Cambridge Motor's кои сфатиле дека апострофот им е грешка откако тој им го избришал.
Погледнете го краткиот филм за него, после кој очекуваме оние со минимум писменост да почнат да шетаат низ Скопје со иста ваква (и поголема) прачка
Слично: Видео сторија на Њујорк Тајмс од 2013 за непознат коректор/лектор на натписи во уметнички парк во Бруклин