Врне во гетото
Мали и сеновити улички
и куќички со низок таван,
врне врз гетото
дожд врз срцето паѓа.
Ах, лажен и неправичен свету
ми го разгоруваш јадот,
мал си и претесен
за воздишката моја.
Маките ми се безброј,
на цел свет нема толку
дните ми минат тешки,
како капките на дождов.
(автор: Микис Теодоракис, пее: Григорис Битикоцис,
од филмот Населбата „Сон“, 1961)