Животот на Џон бил спасен, но тој продолжил да живее повлечено, запоставувајќи го она што најдобро го знаел - цртањето. За да му пружи поддршка, и за да му овозможи социјализација со останатите уметници од градот и околината, Брет се обратил на 400 колеги, со една единствена молба: да се запознаат со Џон, и врз основа на својот впечаток за него да креираат негов портрет или дело во кој и да е формат и техника.
На поканата која ја содржела само фотографијата на Џон и образложението за „проектот“ се одзвале дури 250 луѓе. Некои од нив работеле само врз основа на фотографијата или откако присуствувале на групните „седенки“ со Џон. Но сепак над 100 од нив сакале поединечни средби со својот „субјект“. Сето ова траело година и пол, во која Ригерт, кој и онака имал нестабилно психичко здравје, морал да излезе на крај со зависноста од лекарства, смртта на своето куче и раскинување на долгогодишна врска. Но поддршката и вниманието кое го добил од колегите му помогнале да истрае, и да верува дека тоа ќе го прави и понатаму.
Во филмот кој го опишува целиот процес Џон неколку пати скромно се прашува зошто тој би требало да биде ваков центар на внимание, а не некој друг. Но токму ваквата скромност и неговиот изглед кој е мешавина на Дедо мраз и стар рокер е она што ги освоило уметниците, како и неговата подготвеност да прифати која и да е од нивните идеи - од тоа да позира гол, до тоа јавно да ги изнесе деталите на малтретирањето кое го поднел кога бил дете, за уметниците да добијат увид во неговиот живот.
Погледнете го видеото, кое е трогателно и заради главниот лик, но најмногу заради гестот на неговиот пријател