Таг: Украина

Фудбалскиот оскар оди во Украина

Покрај наградата „Златна топка“ за најдобриот стрелец во сезоната, фудбалската јавност неформално бира и „најдобра глума. Прв номиниран годинава е Украинецот Олександер Нојок од Карпати Лавов, кој на гости против Металург во Доњетцк изгледаше како некој да го застрлелал.

Украинска дебата за и против корупција

Во оделото е Вадим Ивченко од Татковинската партија, бизнис-кежуал е Јегор Соболев од централно-десничарската партија Самопомоч, темата им е законот против корупција.

Голманот кој бранеше во деветта лига за да избега од војна

Евандро де Лима имал желба да заигра во Европа, а менаџерите му нашле ангажман во украинскиот прволигаш Арсенал од Киев. Сега е среќен што воопшто некаде игра фудбал, бидејќи можел да заврши како неговиот тренер.

Радикали од украинските

Лидерот на украинската Радикална партија сурфајќи на ВК (ВКонтакте - рускиот Фејсбук) ја открива својата идна колешка и кандидатка за парламентарните избори, 24-годишната Алена Кошелева. Девојката добива на избори и сега е член на парламентот.

Дали Украина ќе се реши со двобој

Лидерот на отцепениот Луханск го повика украинскиот претседател на двобој. Баш како во времето на Пушкин, да се најдат в зори а му остави и да бира оружје. Има и модерен апдејт: не му пречи да дојдат и телевизии.

Украина казнета за инцидентите со Македонија

УЕФА удри парично по Украина, поради навредливите транспаренти и употреба на пиротехника за време на квалификацискиот дуел со нашата селекција на 12 септември.

Свирна пенал, па го нокаутираше резерва

Натпреварот е од Супер купот на подолните украински лиги, а судијата досуди пенал за гостите при водство од 2:1 на домаќините.

Забрането фрлање политичари во контејнери

Најновата забрана доаѓа директно од украинското министерство за внатрешни работи, од каде бараат барем за време на предизборна кампања луѓето да бидат малку цивилизирани и да престанат да ги фрлаат политичарите во ѓубре.

Oдисејата на Колинс и бегството од обрачите

Воениот конфликт кој ја зафати Украина влијаеше и на спортот во оваа земја, така што многу професионални спортисти беа принудени да бараат чаре на друго место.

Како Солжењицин го најави Путин пред 25 години

Доколку Кремљ и Путин ја водат својата политика врз основа на гледиштата на нобеловецот Александар Солжењицин, тогаш источна Украина е само првиот чекор во создавање нова, поголема Русија.

Историја на срушени цивилни авиони

Веќе е јасно дека уривањето на Боингот 777 е сè освен несреќа, и дека е најголема веројатноста дека тој бил срушен со ракета земја-воздух. Иако се уште има препукувања за тоа кој пукал, натежнува верзијата во која виновници се Русите.

Светските весници за падот на малезискиот авион

Додека се нагаѓа дали Путин го нарачал рушењето на авионот, или веќе ја изгубил контролата над бунтовниците во Украина, и дали оружјето ним оружјето им било испорачано од Русија, или пак го заплениле од украинската армија, единствено сигурно е дека нема ниту еден преживеан меѓу сите 295 луѓе во авионот.

Не праќајте оружје во Украина

По претседателските избори во Украина воскресна идејата дека САД треба да и помогне на земјата (како што тоа го прави секогаш кога помага) и да и испорача оружје. Теоретски ова е добро затоа што ќе покаже дека САД стои зад новата влада. Во пракса ова е лошо затоа што ќе создаде погрешна претстава дека САД планира да се потруди околу Украина.

Европа и нејзините стари навики

Во име на мирот во Украина Запад неодамна потпиша договор со Путин. Во име на мирот Европа потпиша и во 1938-ма, кога на Хитлер му понуди делови од Чехословачка.

Пет прашања за Путин

Рускиот претседател деновиве го имаше годишното одговарање на прашања од граѓаните во живо на телевизија (му беа поставени 2,5 милиони, одговори на 81 прашање). Украинскиот новинар Андреј Ближо има 5 прашања кои или никој не му ги поставил на Путин, или не биле ставени пред него да ги одговара.

10.000 долари за секој фатен руски "саботер"

Наградата ја дава украинскиот енергетски тајкун Игор Коломоиски, а се што треба да направите за неа е да уапсите некој од Русите што освојуваат на истокот од Украина и да го одделите од неговото оружје.

Серискиот руски великомаченик

Сето она што се случува во Украина во основа е проследено со три типа на репортажи: видео од војска руска/украинска, видео од демонстрации и видео од настрадани граѓани. Последнава тема, станала сомнителна.

Како внимателно да ја казниш Русија

Не заврши со Крим, ама па и никој не веруваше дека таму ќе заврши. Соочени со понатамошната руска агресија на источна Украина, ЕУ и САД повеќе не треба да ја разгледуваат финансиската и политичката поддршка за украинската влада како опција. Сега таа е неопходност.

Украинка се од корен не корнеше

Не на ниво на индустрија туку на ниво на една од поголемите компании што го работат ова, "нарачувањето" невести од Украина е годишен бизнис од 140 милиони долари. За овие пари добар дел од потенцијалните зетови завршуваат во голема була.

Колку помалку знаеш, толку повеќе сакаш војна

Ситуацијата е ваква, колку помалку Американците знаат каде воопшто се наоѓа Украина, толку повеќе се расположени Америка воено да интервенира во целата работа.

Дарт Вејдер не може на избори

Украинската изборна комисија ја одби претстедателската кандидатура на Дарт Вејдер, ликот кој ветуваше дека земјата нема да ја внесува ни во ЕУ ни во Русија туку во "галактичката империја".

Ако сакаше, ќе ја освоеше третина Украина

Проценката е на поранешниот заменик директор на ЦИА, според кого Путин веројатно и не е премногу заинтересиран за Украина надвор од полуостровот кој веќе го завладеа.

Украинската криза го погоди и фудбалот

Украинскиот фудбал во моментов е огледало на украинското општество - длабока криза во која доминираат олигарси, нацистите прават премногу проблеми, странците бегаат, некои ја гледаат иднината во Русија, а на други им се заканува банкрот.

Зошто Русија веќе не се плаши од Западот?

На Запад не му се верува. Русија штотуку ја нападна Украина а тие само запрепастено трепкаат со очите. Еден Републиканец поразително изјави: "Путин игра шах, ние играме џамлии". Еве зошто на Путин му се јасни некои работи.