Таг: Украина

Рускиот "Блеквотер" го окупираше Крим

Војниците кои во необележани униформи ги зазедоа двата аеродроми на Крим не се членови на руската армија, туку се од приватната компанија за безбедност Вневедомственаја охрана, која соработува со руската Влада. Информациите од Крим се дека овие војници веројатно го подготвуваат теренот за враќањето на Виктор Јанукович.

Украина меѓу змијата и магарето

Оној политички пачворк наречен нова украинска власт допрва ќе си ја чеша главата. Земјата е во тешка була а Путин, и без воена интервенција, има цела палета потези со кои може да им го загорчува животот. Земјата е во тешка була а од другата страна е - ММФ. А ако се спроведат ригорозните диети на ММФ - ете ти пак народ на улица.

Украина, сè наопачки

Сега кога победи демократијата и про-европската опција, кога избега забеганиот злотвор Јанукович а се врати Тимошенко и нејзината домаќинска плетенка вредна повеќе стотици милиони евра, да видиме што сè се случува/ше таму а тешко е да се објасни со црно-белата слика која доминираше со глобалните вести од Украина.

Кои се Беркут?

Името буквално значи златен орел, а секоја област и голем град во Украина имаат по една единица на Беркут. Оригинално нивната задача била борба против организираниот криминал, сега претежно се користат за контрола на толпи и немири.

Што треба Западот да знае за ситуацијата во Киев

Украинскиот новинар Тарас Илкив (уредник на Newsradio.com.ua, а претходно Korrespondent.net) чувствува дека луѓето надвор од Украина не разбираат најдобро што сакаат Украинците да добијат од демонстрациите и зошто тие се случуваат. Затоа ја составува оваа листа.

Неколку видеа од новите немири во Украина

Откако за околу Нова година се смирија некако демонстрациите и немирите во Украина, во неделата повторно пукна во земјата заради новиот закон со кој се забрануваат протестите. Денес (вторник) вака изгледа ситуацијата во Киев.

Да потпишевме со ЕУ, ќе банкротиравме

"Историскиот договор со Русија ни помогна да ја спасиме економијата од банкрот кој ни се закануваше доколку потпишеме со ЕУ," изјави Микола Азаров. Другата украинска страна тврди дека е ова крај на независноста на државата.

Булдожери, протести и полиција во Украина

Сред судирите за време на протестите во Украина, демонстрантите решија да јуришаат на полициските барикади со булдожери. Полицијата одлучи да не отстапува ниту чекор.

Изненадувањето на првенството на мегдан со Хрватска

Со вечерашните два четвртфинални дуели ќе ја добиеме и втората полуфинална двојка од каде ќе започне борбата за медали на Евробаскетот во Словенија. „Коцкестите“ се фаворити на дуелот против Украина, а поголема неизвесност се очекува на средбата Литванија-Италија.

Ако ти се вежба нема лоша вежбална

Изгледа како сцена од Бонд, ама всушност е јавна вежбална во Киев која е отворена и бесплатна уште од времето на Советите пред 40 години и која функционира до ден денес.

Полициски блицкриг сред Киев

Во рок од 20 секунди украинскиот УБОП (Управа за борба против организиран криминал) хируршки прецизно реши една 7-члена гангстерска банда од Киев.

Автокош

Европското кошаркарско првенство за жени кое пред два дена започна во Франција веднаш ни донесе клипче за објавување. Украинската кошаркарка Алешкина сосема случајно стрелаше во погрешен кош.

Како изгледа кога интернетот помага

На 13-ти март, украинската новинарка Олена Данко пишува краток текст на својата Фејсбук страна во кој раскажува за средбата со една старица во супермаркет, која имала доволно пари за да купи 1 компир. Веднаш по ова "украинскиот интернет" се крева на бунт (без многу ќар за старицата).

2 месеца украински парламент

Парламентарците во Украина уште не можат да престанат да дебатираат околу законот за рускиот јазик, кој предвидува укинување на рускиот како официјален јазик на целата територија на земјата. Еве како оди досегашната дебата.

Украина ќе ги отрезнува мечките

Колкав може да биде проблемот со алкохолизмот кај мечките во Украина? Доволно голем за на Карпатите да се отвори центар за лечење на мечки алкохоличари.

Украинска дефиниција за половно

Украина има висок данок на увезени возила. Украина има далеку помал данок на половни возила. Јасна ви е сликата?