По четири години во Вирџинија Тех, крилниот кошаркар во 2007. година се пријавил на драфтот и кога сфатил дека не може да игра во НБА, Колинс решил лебот да го заработува во Европа.
Заминал во Германија, но во тамошната лига играл без некој поголем успех, а во исто време, Американецот видел дека го бидува за пишување и своите авантури решил да ги сподели во колумната за сајтот на ЕСПН каналот.
Особено место во репортажата на Колман опфаќа последната година од неговата кариера во украинскиот тим Авзомаш од Мариупол, про-рускиот град близу Донетцк на истокот од Украина.
Сè започна од Мајдан, главниот плоштад во Киев, а протестите брзо се проширија и во останатиот дел од земјата. На почетокот на февруари, паралелно со крвавите протести, украинското кошаркарско првенство нормално си функционирало, сè додека судирите не земаа поголем замав.
„Иако шампионатот беше во тек, ретко кој можеше да остане сконцентриран само на кошарката. На телевизија 24 часа, 7 дена во неделата се зборуваше за првите убиства кои се случија среде бел ден во Киев, а на про-руските медиуми секој втор збор им беше „американскаја“, „европејскаја“, пишува Колман во својата колумна.
За разлика од претходните искуства во Германија, Шпанија и БиХ, Колинс за прв пат доживеал како е место аларм, да те будат гранати.
Едно утро, претседателот на клубот свика состанок со стручниот штаб и со нас играчите, на кој ни пренесе дека ситуацијата во градот ќе биде под контрола и дека бунтовниците ќе бидат скротени. Сепак, ништо од тоа не се случило и Мариупол до денес стана град во кои се одвиваат најголемите судири меѓу украинските и про-руските формации.
Иако важи за убав град, Мариупол веќе извесно време не е во програмата на туристичките агенции во Украина.
„Воздухот цело време смрдеше на хемиски гасови од срушените фабрики, така што иако сте на само неколку метри од морскиот брег, морето воопшто не може да го почувствувате", ја започнува својата сторија Колинс.
Благодарение на својата богата кариера на европскиот континент, Колман одлично зборува француски, германски и делумно шпански, но никако не успеал да сфати дека во Мариупол се зборува и руски, а не само украински.
За тоа колку во Мариупол се сака кошарката зборува и податокот што генералниот спонзор, градската железара инсистирала термините на натпреварите да бидат во склад со смените на работниците, кои сакале да гледаат кошарка.
Авзомаш е клуб кој неколку сезони по ред настапуваше во европските натпреварувања, а четворица репрезентативци на Украина, кошарката ја учеле токму во овој клуб.
Колман потоа ги раскажува и долгите патувања со автобус до Белорусија и Казахстан, каде неговиот тим играл натпревари од регионалната лига.
„Се случуваше да патуваме преку 2 илјади километри во еден правец за да изиграме 40 минути и веднаш да се вратиме. И покрај сè што не снајде, другарството во клубот остана до крај", зборува Колинс за ЕСПН.
Сепак, Американецот имал и непријатни искуства во моментите кога сакал да ја покаже својата солидарност.
„Што те интересираат тебе толку настаните во земјава? И онака ќе си одиш за кратко и брзо ќе заборавиш што било овде", му велеле некои од соиграчите.
Неговата одисеја во Украина завршила на почетокот на март, кога локалните власти наредиле сите странци да бидат стационирани на аеродромот близу Донетцк, од каде ја напуштиле земјата.
Кошаркарското првенство на Украина продолжи, а екипите претежно ги сочинуваат локални и играчи од младинските школи. По краткиот период во летниот камп на Феникс Санс и во Бахреин, Колинс денес игра во францускиот Гравелин.
Во неговиот патувачки дневник, Колинс го опишувал и балканското секојдневие, затоа што во сезоната 2011/12 беше дел од екипата на Широки од БиХ која игра во Јадранската лига.