Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?
Ливерпул ќе добие само 10.000 влезници за финалето на Лига Европа против Севиља во Базел, што е далеку од побарувачката за карти со која овој клуб се соочува. Клоп ѝ тера инеат на УЕФА и ги вика сите без карти да дојдат.
Најновата членка на УЕФА, вкупно 55-та е нашиот северен сосед кој се очекува да се натпреварува на квалификациите за Светското првенство во 2018 година.
Во случај Бјанконерите да отидеа понатаму, италијанската Серија А ќе ѝ се приближеше на Премиер лигата во рангирањето на УЕФА и ќе можеше да смета на евентуално место плус во Лигата на шампионите.
По мечот Фенербахче - Локомотива Москва, фудбалерот на гостите Дмитри Тарасов се прошета со маица на која беше ликот на Владимир Путин. УЕФА му спрема казна од 10 меча, а во Русија не спласнува полемиката.
95-та минута од мечот Селтик - Валенсија (судијата продолжил 6). При резултат 1:1 напаѓачот на Селтик го напаѓа последниот играч во одбраната на Шпанците кој со ефективен трик изнуди фаул. На крајот му се исплатеше, затоа што Валенсија на пенали победи 4:3 и се пласираше понатаму.
Желбата да обезбедат место во врвот на меѓународниот фудбал, најверојатно многу скапо ќе ги чини турските водечки клубови кои се соочуваат со драстични казни од УЕФА.
Во Нион попладнево, по ждрепката за ЛШ, се извлекоа и двојките за второто по ранг натпреварување на УЕФА. 32 екипи останаа во Лигата на Европа, од кои 24 дојдоа преку групната фаза, а другите по испаѓањето од Лигата на шампионите.
ФИФА ги потврди седумте кандидати кои ќе се тркаат во претседателската трка на оваа организација на 26. февруари. Изборите се распишаа во исто време со истрагата за мито и корупција на Блатер.
Со хет-трикот на гостувањето против Габала, фудбалерот на Дортмунд Пјер Обамејанг го постигна и 17 гол на 17 натпревар сезонава. Лацио славеше 3:1 против Розенборг, иако цел натпревар играше со играч помалку.
Украинскиот Динамо Киев се соочува со драконска казна од УЕФА, откако се објави видео на кое се гледа како домашните навивачи најпрвин навредуваат па потоа тепаат црни навивачи на Челси на трибините.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини призна дека за спорната исплата од 1,8 милиони евра колку што примил од претседателот на ФИФА, Сеп Блатер не постои никаков писмен договор.
Речиси една година помина од дуелот Србија - Албанија кој беше прекинат по инцидентот со дронот, а ден пред реваншот во Елбасан, албанските власти во Тирана го уапсиле Исмаил Морина кој имал карта за мечот, но и пиштол без дозвола како и 30 влезници за мечот.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија е прогласен за „Man of the match" на дуелот меѓу претседателите и генералните секретари на земјите членки на УЕФА.
Терените и стадионите често се полигон за лекување на личните фрустрации, а фер плејот знае да остане во офсајд. Доказ за тоа е 3 и пол минутново видео на кое најдебелиот крај го извлекуваат судиите.
Залудно се плашеа Давор Шукер, премиерот Милановиќ и ХНС, затоа што попладнево дознаа дека УЕФА нема да ги исфрли од квалификациите за ЕП 2016 поради кукастиот крст.
Србија и Русија се парично најказнувани федерации од УЕФА, а на листата со највисоки казни се уште и Шпанија, Хрватска, Бугарија и Македонија. Нас нè казнија во 2003-та поради расизам.
На отворањето на српското првенство, на околу 40 степени Целзиусови играа ОФК Белград и Црвена звезда. Домашните водеа 2-0 на полувреме, а гостите во второто дадоа 6 гола и славеа убедлива, но сомнителна победа.
Во екслузивно интервју за албанскиот Дигиталб, Исмаил Морина раскажува како му паднало на памет да активира дрон на дуелот Србија - Албанија во Белград и колку време се спремал за такво нешто.
Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ му напишал писмо на претседателот на УЕФА Мишел Платини со цел да ја спаси фудбалската репрезентација од исфрлање од ЕП 2016.
Глупавото правило на УЕФА дека секоја селекција која игра официјален меч треба да патува од хотел до стадион без разлика на раздалеченоста, ги натера Англичаните да се качат на автобус за пат кој се поминува пешки за 76 секунди. Новинар од Индепендет им го сними патешествието долго 130 метри.