Косово стана членка на УЕФА на денешниот годишен конгрес на Европската куќа на фудбалот кој се одржа во Будимпешта. Гласањето заврши со 28:24 во корист на Косово кој доби поддршка од 28 фудбалски федерации.
Косово доби меѓународно признавање преку спортот откако прогласи независност од Србија во 2008 година, а со оваа одлука нивната фудбалска репрезентација значи дека ќе може да закажува меѓународни натпревари, како и да се натпреварува на натпреварувања кои се под капата на УЕФА. Истото важи и за нивните клубови.
На конгресот проблем за Косово претставувал статутот според кој во УЕФА може да влезе само држава која е членка на Обединетите нации. Тогаш од Косово имало барање за измена на статутот за што од 54 земји гласале 33 и фалеле уште три гласа. За УЕФА да оди против статутот пресудна била изјава на нивниот прв правник кој рекол:
„Обединетите нации не ги признаваат државите и ова не е треба да биде прашање од областа на правото", изјави Алисдер Бел.
Членството за Косово во УЕФА, наскоро се очекува да им донесе и приклучување во ФИФА со што ќе можат да бидат дел од квалификацискиот циклус за СП Русија 2018.
Официјалната одлука на УЕФА ја потврди и министерот за европските интеграции на Косово.