Репрезентативците на Англија од селекцијата за играчи до 21 година пред мечот со Шведска сакале да одат пешки на натпреварот бидејќи хотелот им се наоѓал до самиот стадион.
Но според прописите на УЕФА, ниту една репрезентација не смее да оди пешки до стадион и поради безбедносни причини мора да патува со автобус.
Домаќин на ова Европско првенство е Чешка, а новинарите од оваа земја измериле дека од хотелот каде била сместена репрезентацијата до стадионот имало 76 секунди.
Англија ја доби Шведска на тој меч со 1:0, а по средбата добиле дозвола да пуштат нога до хотел.