Фудбалерите на Црвена звезда делуваа целосно немоќно во нападот во првото полувреме на стадионот на Обилиќ, а ОФК Белград го искористи тоа и со головите на Андриќ и Дражиќ водеше 2:0 на паузата.
Целосен пресврт во вториот дел, црвено-белите во рок од 13 минута даваат четири гола (Мбоџ, Јовиќ и добиваат играч повеќе. Во последните 2 минути, Џошуа Паркер со два гола ги постави конечните 2-6. Веднаш по мечот следуваа бурни реакции во српската јавност за натпреварот кој го пратеа неколку контроверзи. Неколку дена пред мечот, нов тренер на ОФК Белград стана Владимир Петровиќ Пижон, четвртата „звездина“ ѕвезда и легенда на клубот од Маракана.
Само што го поставија за тренер, Пижон изјави дека се договорил со управата да не го води клубот во првото коло, затоа што „емотивно бил врзан“ со Црвена звезда и не можел да игра против нив. На денот на натпреварот, делегатот и лекарските екипи дале препорака мечот да се одложи затоа што температурите достигнувале и над 40 степени Целзиусови, но дуелот се одигра.
Најголем сомнеж остава Звездан Терзиќ, човекот кој во моментов ја води Црвена звезда како генерален директор, а долги години беше прв човек на ОФК Белград, клуб во кој и денес работи од сенка. Коефицентите за еден во два и за 7+ биле големи во текот на претходниот ден.
„УЕФА го следеше натпреварот ОФК Белград - Црвена звезда, затоа што уплатите за овој меч во кладилниците биле енормни. Во следните денови очекуваме нивна реакција, а после тоа и јас ќе отворам истрага. Сепак, искуството ме учи да во тие ситуации актерите од одредени причини не сакаат да соработуваат со мене. Затоа е крајно време државните органи и институции да се позанимаваат со овој проблем“, изјави Миливој Мирков, комесарот за интегритет на натпреварување во ФСС.
Црвена звезда веќе неколку години има сериозни финансиски проблеми, клубот должи околу 50 милиони евра на поранешни играчи и тренери и на банките за кредити. Звезда лани не играше во Европа, затоа што УЕФА не им даде лиценца за настап. Поранешниот европски и светски клупски првак сезонава испадна во првото коло, после поразот од казахстанскиот Каират со вкупен резултат 1-4. Доколку се утврдат неправилности од вчерашниот меч, ништо чудно УЕФА драстично да го казни белградскиот клуб.
Реакција на случувањата имаше и прославениот српски ватерполист, Александар Шапиќ кој на Твитер го објави своето видување за мечот:
Головите од мечот кој заврши 2-6: