Таг: твитер

Девојката што му ја сместија на Шчесни

По фотографиите на кои голманот на Рома се појави со девојка која носи идиотски фустан, сите помислија дека таа му е партнерка, на што Полјакот напиша дека е цреп секој што помислил дека тој може да стартува ТАКВО нешто.

Џое Бартон подобро верувај во Господ

Познатиот фудбалски силеџија, Џое Бартон на Твитер ја отвори душата и напиша дека не верува во Бога. Репликата која му стигна во коментар на тој пост ја изнасмеа пола Европа.

Твитер акција: Акции за Твитер

Ко-основачот и актуелен шеф на Твитер реши една третина од своите акции да им подели на вработените. На оние што ја преживеаа последната чистка. 

Ретвит = согласување

Равенствово ќе беше уште едно од оние "кој како сака нека си го сфати" Твитер правила, кога тоа не би му служело на ФБИ како доказ дека се обидуваш да се приклучиш на ИСИС.

Пародијата може да биде исплатлива

Потребно е  или да се има публика, пазар и медиумска сцена или пак да постојат лесно навредливи политичари кои се мислат моќни. Ок, она првото го немаме.

Кога навредливиот твит ќе те чини многу

Младиот Шпанец Хулио Реј потпиша договор со Депортиво Ла Коруња, но откако на Риазор откриле навредлив твит на фудбалерот на нивна сметка, решиле да го раскинат договорот.

Српскиот набљудувач на британските избори

Душан Машиќ е еден од основачите на Б92, а потоа и главен уредник на вестите. Во изминативе 8 и нешто години работи во БиБиСи, а на последниве избори, како британски државјанин конечно може и да гласа на нив. Цел живот гласање и најразлични избори во Србија и искуства од Балканот, ни најмалку не го подготвуваат за она што го чека во Лондон. Сето ова искуство го пренесува фантастично шармантно на својот Твитер.

Грчката ситуација во неколку твитови

Дали може и зошто не може Грција да ја напушти Европската монетарна Унија, што се случуваше изминатиов период во Грција и што ќе се случува во скора иднина, според твитовите на човек што малку подлабоко ја следи ситуацијата.

Реал и Барселона владеат на Твитер

Најголемите два шпански клуба освен што се гиганти со буџети од по 500 милиони евра, нивната популарност драстично се шири и на социјалните мрежи каде им нема конкуренција.

Кога името Челси ќе ти донесе мака и слава

Девојка од Сан Франциско е фотограф по професија и нема ама баш никаква врска со фудбалот, освен што се вика како англискиот клуб. Тоа и носи неволја, коментари и следбеници на Твитер.

Твитер, каде е тоа порното?

Откако стави филтер што (по избор) може да го блокира целото порното кај интернет корисниците, британската влада откри еден пропуст - Твитер, каде се проценува дека дневно се објавуваат околу 500.000 фотографии за возрасни.

Неиздржливата леснотија на твитањето

Новинар на Атлантик прави анализа за тоа колку сообраќај носи Твитер на вебстраните. Колку? Малку.

Првиот Фејв на Твитер на Серхио Агуеро

Напаѓачот на Манчестер Сити има близу осум милиони следбеници на Твитер, твитнал околу 3.700 Твита и следи околу 116 луѓе на оваа мрежа. Од почетокот, па до сега фејвнал само еднаш и тоа вчера.

Сомнително лице, Фејсбук варијанта

Мина времето кога луѓето се згрозуваа од оние кои на интернет споделуваат секакви интимности од својот живот. Сега на мета се воздржаните, оние кои "нешто кријат".

Најтвитаното на Британците за 2014-та

Доколку годинава следевте што правеа Твитерџиите најмногу на нивната омилена и сеирџиска друштвена мрежа, тоа е пишување или тролање за дебаклот на Бразил кој загуби од Германија со 7:1. 

Зошто Бијонсе има твитнато само 8 пати?

Затоа што девојката има нешто што се вика "дигитал менаџер" па така процениле дека треба.

Да не си стегате душа на Твитер и Фејсбук за политика

На Твитер нема доволно место да кажеш што сакаш, на Фејсбук е многу веројатно дека пријателите ќе почнат да те откачуваат ако фатиш да ги труеш со политика. Ова пак создава проблем и кога си офлајн.

Обележувач на страници кој ве потсетува да читате

Таман сте почнале да читате, нешто ви го одвлекува вниманието, и следните неколку денови (месеци, години) книгата останува осамена и нечепната, чекајќи да се сетите на неа. Е нема веќе така!

Книга со твитови на луѓе кои пишуваат книга

Нова книга под наслов „Работејќи на мојот роман" од Кори Аркejнџл е всушност компилација на твитови испраќани на @WrknOnMyNovel од луѓе кои се во тек на создавање на нивните книжевни дела.

Твитер и Фејсбук рекордери на Мундијалот

Финалето на Светското првенство на 13 јули е најкоментираниот настан во историјата на социјалните мрежи. Фејсбук објави рекорд од 280 милиони постови, коментари и лајкови за време на пресметката помеѓу Аргентина и Германија. Претходно приматот го држел Американскиот супер бол со 245 милиони интеракции.

Како изгледа кога целиот свет гледа фудбал?

Писател, дизајнер и уметник, како и илјадници твитерџии, се здружуваат во еден интересен проект - приказ на тоа како изгледа кога целиот свет гледа и емотивно доживува еден ист настан. Во овој случај финалето на Светското првенство во фудбал.

Како да црташ во 140 карактери?

Метју Хагет (44) е графички уметник од Портланд чиј твитер профил @Tw1tt3rArt има над 88,000 следбеници. Зошто е толку популарен? Затоа што успева во рамки на дозволените 140 карактери да создаде уметност.

Официјален водич за твитер сленг

Сигурно не е лесно да ти е работа да седиш на компјутер и да следиш твитови потенцијално опасни по безбедноста, суверенитетот и светскиот мир, а тие да се состојат од глупи акроними. Ама сега и за тоа има лек.

Што се случи вчера со ТвитДек

Дечкото мисли дека ова разбирливо го објаснува, ама премногу е возбуден и премногу е програмер (а ти не си) за било што од ова да ти биде разбирливо. Сепак, генерално е гневен на ТвитДек што оставиле аматерски безбедносен пропуст во својата апликација, што "никогаш, никогаш, никогаш, никогаш... никогаш, не требало да се случи."