Кога навредливиот твит ќе те чини многу

Младиот Шпанец Хулио Реј потпиша договор со Депортиво Ла Коруња, но откако на Риазор откриле навредлив твит на фудбалерот на нивна сметка, решиле да го раскинат договорот.

Хулио Реј има 20 години и во Ла Коруња дојде од малиот клуб Ароса СЦ викендот. Тимот од Риазор го претстави и му посака добредојде, но веќе следниот ден мораше да го раскине договорот со него.
 
Откриле дека Реј ги навредил во еден Твит после некој натпревар во 2012. година, во кој напишал 'puta Depor, puta Riazor'. Навредливата содржина ја откриле луѓето во клубот задолжени да ги контролираат фудбалерите на социјалните мрежи.

 
Во соопштение на својот сајт, Депортиво Ла Коруња објави дека одлуката да го раскинат договорот со Реј ја донеле откако виделе дека тој не го почитува дресот и клубот.
 
Играчот во меѓувреме го избришал својот Твитер профил, но тоа нема многу да му помогне сега откако пропушти прилика да игра во Примера.