Ако некогаш сакаш да твитнеш нешто за фудбалскиот клуб Челси, мали се шансите дека пораката ќе ја заобиколи Челси ЛаСал, девојка од Сан Франциско.
Тоа е така затоа што Твитер сметката на премиерлигашот е @ChelseaFC и многу луѓе не сфаќаат дека кога твитаат нешто за Челси, треба да ја напишат вистинската Твитер сметка на лидерот во Премиер лигата, а не само да напишат @Chelsea.
Американката изјави за БазФид дека за време на мечевите на Челси добива од 50 до 100 твита со пофалби, коментари, па и пцовки за Диего Коста, Фабрегас, Ивановиќ и другарите. Нејзината Твитер сметка @Chelsea ѝ ја направил пријател, а девојката подоцна одбила неколку понуди да ја продаде истата.
„Ни на крај на памет не ми падна тогаш дека може да дојде до вакво нешто. На почетокот имаше луѓе кои не знаеа баш најумешно да го користат Твитер, но еден момент ситуацијата отиде во друга насока и фудбалските навивачи ми го опседнаа Твитер налогот“, изјави Челси ЛаСал.
Сепак и покрај сите неволји, девојката на прашањето дали и таа навива за Челси, одговорила: За кој друг да навивам?
Девојката вели дека понекогаш ја расположува конверзацијата со Твитер пријателите што ја мешаат со фудбалскиот клуб, па така се случило на прашањето „Спремни ли сте за дуелот против шампионот“? да одговори: „Да, само уште ноктите да ги направам“.