Таг: твитер

Најголемиот трол на Трамп на Твитер: речник на англиски јазик

Можете да замислите ситуација во која наши лингвисти, преку профил на Речникот на македонскиот јазик, на социјални мрежи ги корегираат политичарите низ поучни но и комични постови? Ни ние. Ама некои други лингвисти го искористија моментот за да поделат по некоја лекција.

Русија и Украина ја спукаа на Твитер

Расправата меѓу официјалните Твитер сметки на Русија (@russia) и Украина (@ukraine) почна со една кралица од 11-от век, а заврши со Симпсонови. Или барем само застана таму.

Оскаровски гневен Твитер

Уште една тура славни луѓе што читаат гневни твитови за себе, само овој пат собрани во Оскаровско издание со подеднакво достојна постава.

32.567 твитови од Хари Потер против Пирс Морган

Во последната епизода (10.2) од шоуто на Бил Маер имаше супер „панелисти“ - „папата на трешот“, режисерот Џон Вотерс, поранешната советничка на Обама Карин Жан-Пјер, водителот Пирс Морган и комичарот Џим Џеферис. Последниве двајца баш фино се испокараа. А ним потоа на Твитер им се придружи и авторката на „Хари Потер“.

Како Твитер се подели на племиња

По зборовите на основачот на Твитер, Биз Стоун, идејата, отсликана и во логото на Твитер, е дека сервисот ќе помага луѓето да се зближат. Како во недоволно добро прецизирана желба, ова им се оствари на основачите, луѓето почнаа да се собираат, ама на две спротивставени страни.

Ако Трамп забрани вработени на Твитер да се вратат во САД, дали Твитер ќе го банира Трамп?

После почетното примирје меѓу технолошката индустрија и Трамп, одлуката на САД да го забрани влезот на муслимани во земјата ги врати двете страни на авансно подготвените фронтовски линии, па сега секоја компанија гледа некако да му направи зијан на Трамп или на неговиот план.

Фудбалер со презиме како ви-фи пасворд

Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах се пошегува со новиот фудбалер на клубот, Французинот Тимоти Колоџејчак. Германците мака мачеле со изговорот на неговото презиме па на крајот решиле на дресот да му пишува Коло. Добро, не е дека и Борусија Менхенгладбах има лесно име за читање.

Твитер троловите се штетни за демократијата

Анкета покажува дека на 65% од корисниците на социјални медиуми им е смачено од тоа колку е гнасен онлајн разговорот околу политика. Њујоркер 2016 ја нарече "Годината на политичкиот трол". Заклучокот на Вашингтон пост е дека тролањето не само што лошо влијае на корисниците на социјални медиуми, туку и штети и на демократијата.

Германскиот клуб кој ги нервира своите навивачи

Управата на Херта Берлин забрзано работи на модернизација на клубот. Со цел да привлече нови гледачи носат розева и портокалова опрема, користат англиски јазик за слоганите и стануваат полигон за трендсетери што им смета на конзервативните ултраси.

Меси за тврдењата дека е од друга планета

Нема момент кога е на теренот а да не даде гол или направи потег после кој луѓето ќе тврдат дека дошол од друга планета и дека не е од планетата земја. Аргентинецот срамежливо ги чита таквите пораки.

Најшармантната прослава од ноќеска

Не зборуваме за нашата, чисто од страв да не се урочиме. Зборуваме за средбата меѓу Норвешка и Сан Марино, кои играа квалификации за Светско. Сето ова заврши со убедлива победа на Норвешка, меѓутоа се случи нешто крајно неочекувано за сите, Сан Марино даде гол. И тоа не каков било гол, туку гол на гости, на квалификации за светско, што за нив е прв ваков гол од 2001-ва. По голот, на твитер профилот @soccersanmarino се случуваше делириум.

На што ќе личеше 5 октомври да постоеа социјалните мрежи

Вие твитерџиите сте страшно одговорни за ова молчење и за тоа чувство дека вие нешто страшно важно правите што седите 24 часа и твитате, ја почнува Дража Петровиќ колумната за 5-тооктомвриските демонстрации по кои беше соборен Слободан Милошевиќ.

Мајки на годината

Иако тесен избор, нас некако нè ќари: „Со маж ми зборувавме за развод, ама ниеден од нас не сака да ги земе децата.“

Ерик Јаросински или @NeinQuarterly во Скопје!

Се сеќавате на „пропаднатиот интелектуалец" - универзитетскиот професор, кој стана славен откако почна да твита за своите академски фрустрации? Епа, нa 4 jуни доаѓа во Скопје, за интелектуално да нè воздигне.

Сопругот на Русинката се извини за инцидентот

Еден од водечките руски магнати упати отворено писмо до кошаркарот на Фенербахче, Никола Калиниќ во кое му се извинува за преемотивниот екцес на финалето во Берлин.

Твит на неделата

Само што завршуваш средно школо, со другарите зборувате кој што ќе носи и што ќе пие на матурска, кога ти се јавува стариот Рој Хоџсон да те носи во Бордо.

Каспер Шмајхел цел на татко му

Во понеделник во семејството Шмајхел два члена се разбудија како освојувачи на титулата во Премиер лигата. Легендарниот Питер Шмајхел има титули со Манчестер Јунајтед, а син му Каспер Шмајхел сега освои со Лестер.

Како Зенит го зезна Дејли Меил

Новинар на Дејли Мејл, ничим изазван решил да направи статија за најгрдите 10 амблеми на фудбалски клубови во светот (го распнаа долу во коментарите на статијата). Меѓу амблемите се најде и оној на рускиот Зенит од Санкт Петерсбург, по што од овој клуб досетливо реагираа на Твитер.

"Торбарката" комотно доби Оскар

Оскар за најдобри костуми заслужено доби 65 годишната Британка Џени Бивен за нејзините футуристички чудесии во Мед Макс. Се појави облечена како што ѝ е комотно и толку ги збуни присутните што некои заборавија на аплаузот. Заради тој "проблем", на Стивен Фрај му  се згади Твитер и го суспендираше својот акаунт.

Твит на денот на Гари Линекер

Еден од најдобрите англиски фудбалери во историјата, Гари Линекер имаше духовита реакција на денешната ждрепка за осминафиналето на Лига Европа.

Со Холандија се претера

Нашата емпатија е недвосмислена во поглед на мигрантите кои бегаат во Европа бегајќи од хоророт кој се случува во нивната земја. Ама, да ти доаѓа полиција на врата и да ти вика дека многу твиташ против бегалците?

Што зборат директорите што си заминаа од Твитер

Во неделата се објави информацијата дека 4 извршни директори на Твитер и еден од менаџерите на Вајн си заминуваат од компанијата. ЦЕО-то Џек Дорси на Твитер објави дека директорите "избрале" да си заминат.