Сопругот на Русинката се извини за инцидентот

Еден од водечките руски магнати упати отворено писмо до кошаркарот на Фенербахче, Никола Калиниќ во кое му се извинува за преемотивниот екцес на финалето во Берлин.

Инцидентот којшто се случи на самиот старт на второто полувреме на финалето на Евролигата го доби крајниот епилог. Конечно.
 
Никола Калиниќ, српскиот репрезентативец по мечот му се извини на рускиот бизнисмен Дмитри Владимирович Конов со кој имаа кратка расправија. Калиниќ при едно истрчување од паркетот се најде пред сопругата на Конов кој го оттурна Србинот по што настана метеж.
 
Ден по извинувањето на Калиниќ, стигна порака и од првиот човек на руската гасна петрохемиска компанија Сибур.
 
Писмото на Конов во целост:
„Никола,
 
Јас сум Дмитриј и имавме краток, но емотивен разговор на теренот во Берлин. Ти благодарам за пораката на Твитер, сè е прифатено од моја страна и го ценам гестот. Од моја страна, те молам знај дека ми е многу жал што двајцата се понесовме преемотивно, што не беше добро ниту за играта, ниту за екипите.
 
Те молам да сфатиш дека така постапив само за да ја одбранам својата сопруга и немав никаква намера да те навредам. 
 
Натпреварот и настапот на сите играчи беа одлични. ЦСКА беше малку посреќна на крајот.
 
Сè најдобро, Дмитриј.“
Еве за што се извинуваа двајцата: