Не знаеме што збори овој, ниту на кој јазик е ова чудно и смешно мрмлање, само сигурни сме дека ова е монтажа чисто како заебанција за на 31 јануари, последниот ден за трансфери. И титлот благе везе нема.
Мошне непријатно и помалку бизарно е да се потегне темата за трансферот на младиот фудбалер чиј авион исчезна кај каналот Ла Манш, но од правна гледна точка е важно прашање и сега клубовите треба да дадат одговори.
Најсмешно од сè е што комшиските клубови Вилјем Втори и Валвајк со години соработувале ортачки, но процентот кој требал да се земе од Ајакс за трансферот на Френки Де Јонг направил цел циркус.
Просто и да не си навивач на овој италијански тим, луѓето кои им ги водат официјалните профили на социјалните мрежи прават да се смееш и на шеги на сметка на твојот омилен клуб.
Додека многу клубови работат „на слепо“ и носат играчи за кои новинарите пишуваат бајки, Рамон Родригез Вердехо попознат како Мончи има цела стручна методологија на работа пред да потпише со еден фудбалер и да го презентира во јавноста.
Тотенхем направи необичен рекорд на трансфер пазарот: за време на летниот преоден рок првпат од 2003 немаа ниту еден трансфер и по тоа се единствени во Премиер.
Навивач на Ипсвич, извесен Лук на својот профил објавил фотографија на која баба му е затворена во кафез и напишал дека нема да ја ослободи додека клубот не ангажира одбранбен играч.
Тивкиот и повлечен Лука Модриќ не би можел да опстане во светот на менаџерските хиени ако крај него не била таа - русокосата Загрепчанка која детството го поминала во канцелариите на Максимир.
Најдобриот белгиски и можеби европски голман, Тибо Куртоа има намера преку проверени методи со отсуства од тренинзи и натпревари да го присили Челси да крене раце од него и да го продаде. Но што ако клубот се заинаети и го стави да брани за младинците цела сезона?
Најдобриот алжирски фудбалер во моментов, Ријад Марез пред неколку дена потпиша со Манчестер Сити и стана еден од најскапите трансфери од кога шеиците го купија англискиот клуб. На потписот на договорот и промоцијата, Марез дошол со мајка му Салиха.
Не е првпат во историјата италијанската економија која што ја тресе сериозна криза, да застане на нозе благодарение на најтрофејниот клуб во оваа земја на кого грбот му го чуваат финансиски гиганти.
Најдобриот француски напаѓач на денешницата вечерва ќе игра со својот Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа во градот чиј фудбалски клуб не сакал да го прими како мал дека бил слаб.
По многумина најдобриот играч сезонава во Лига на шампиони вечерва се враќа во Италија - земја во која заигра на врвно ниво но и каде го обвинуваа за анти-семитизам и за расизам.
Во секој трансфер преоден рок, а особено во зимскиот, клубовите „колат прасе воочи Божиќ“, па во пет за 12 брзаат да средат документација за ново засилување. И тогаш настанува циркус.
Во летото 2003-та, Роналдињо премина во Барселона и на „Камп Ноу“ одигра неколку фантастични сезони (посебно 2005/2006), и како да нè спреми за јавлението на Лионел Меси.
Адриен Силва, еден од подобрите португалски фудбалери за кој Лестер му плати на Спортинг 29,5 милиони евра уште на 1. септември, конечно го одигра првиот меч во Премиер лигата.
21 годишниот Тимо Вернер е најталентираниот напаѓач кој Германија го има во моментов и тој на крајот на есента се најде на шорт-листот на Реал Мадрид заедно со Икарди, Алексис Санчез и Федор Смолов.
Оваа школа рудари небрусени бисери и подоцна ги продава илјада пати поскапо отколку што ги купила. Поради кариерата на својот син во таа академија, Мадона решила да живее во главниот град на Португалија.
Еден од најскапите трансфери во историјата на фудбалот го направи тинејџерот кој од Монако премина во ПСЖ на позајмица со право на откуп од 180 милиони евра за да не се прекрши фер плејот на ФИФА и УЕФА.
За Максим Максимов Европа разбра откако се изнадава голови во квалификациите за Лига Европа во дресот на анонимниот литвански прволигаш Тракаи кој играше против Шкендија во третото коло.
Долго време не сме слушнале некој кинески фудбалски клуб да се расфрла со пари како што се расфрлаше лани, а од друга страна Гвангжу Евергранд заработи цели 26 милиони евра од продажба на играч. Да, од продажба.
Викендот Нејмар го започна со преселба во нов град и како вработен во нова фирма, подвиг за кој ПСЖ до сега плати рекордни 222 милиони евра. Во баснословната сума не е вклучен ни цент за Нејмар.
Едно од највредните засилувања за Милан летово (а дојдоа многу), Аргентинецот Лукас Биља имаше мал гаф кога го водеа да потпише договор. По навика во Рим викал Форца Лацио, па уште ненавикнат на новиот клуб, се посрамоти во Милано.
Шпанскиот репрезентативец Витоло (27) кој три пати ја освои Лига Европа со Севиља, решил да потпише со Атлетико Мадрид кој е суспендиран и не смее да купува играчи до јануари, но нашол дупки во правилата.