Барселона конечно го претрка ПСЖ и го купи 21-годишниот фудбалер од среден ред Френки де Јонг за 75 милиони евра плус бонуси (до 11 милиони евра).
Но најмногу за трансферот се радуваат во Холандија - од најскапиот трансфер во историјата на оваа земја заработиле и второлигаши.
- Френки де Јонг во Ајакс дошол во 2015-та од Вилјем II. Имал 17 години а компензацијата за него била необична - 1 евро и четворица играчи на позајмица: Рихаиро Живковиќ, Лесли де Са, Рубен Лигеон и Лукас Андерсен.
Ниту еден од нив не станал голема ѕвезда. Постојат две варијанти зошто Вилјем се решил за ваков пазар.
1. Сметале дека Ајакс за неколку години би можел да го продаде играчот за многу пари а процентот што ќе им следува од идната продажба би бил многу поголем отколку што Ајакс би им платил за младиот играч.
2. Вилјем не сакал да дели процент со ортачкиот клуб Валвејк.
Вилјем и Валвејк (втора холандска лига) имаат голема база за подготовка на млади играчи (меѓу овие два клуба има помалку од 20 км).
Едно време Де Јонг бил на позајмица во Валвајк па од таму сакале да лапнат процент од продажбата на Де Јонг во Ајакс. Но во Вилјем решиле да добијат играчи во спротивен правец а не пари за да не може ништо да делат со ортаците.
Од управата на Валвајк биле кивни на нив и ги дале на суд (Вилјем им дал наводно 33 центи како 33% од зделката со Ајакс за 1 евро).
Судот досудил во корист на Валвајк и Вилјем морал да му исплати 50.000 евра отштета. Додека многу холандски медиуми пишувале за смешната компензација од 1 евро, само De Telegraaf соопштил за износ од 300.000 евра!
Трансферот на Де Јонг во Барселона може да го смени животот на клубот Вилјем. При трансферот на играчот во Ајакс, двата клуба се договориле дека Вилјем ќе земе 10 или 15% од идната продажба.
И тука судот бил на страна на Валвајк па му наложил на Вилјем да му исплати дури 40% од вкупната сума која ќе ја добие од Ајакс (околу 5 милиони евра).
Фудбалерот Френки Де Јонг ќе ја доигра сезоната во Холандија а на 1 јули ќе се пресели во Барселона. Потенцијално Де Јонг може да го сруши рекордот на Вирџил Ван Дајк и да стане најскапо платениот Холанѓанец во историјата.
За стоперот Ван Дајк, Ливерпул на Саутемптон му плати 78,8 милиони евра.