Давай-давай!

Кој е рускиот џин кој го засилува Вардар

За Максим Максимов Европа разбра откако се изнадава голови во квалификациите за Лига Европа во дресот на анонимниот литвански прволигаш Тракаи кој играше против Шкендија во третото коло.

Да дадеш седум гола на пет меча во турнир како Лига Европа е висок дострел. Тоа му појде од нога на Максим Максимов, 21-годишниот Русин кој сам ја носеше својата екипа а даде два гола и против нашиот претставник Шкендија.

Максимов е роден на 4. ноември 1995 година во градот Воронеж кој се наоѓа на 534 километри од Москва. Со фудбалот првпат се среќава во матичниот клуб Факел од родниот град. Во 2013-та година пар месеци тренирал со првиот тим на Факел и набрзо разбрал за понудата на извесен руски тренер Константин Сарсанија да премне во литванскиот прволигаш Атлантас од Клајпеда.

Во ситуација кога во таа средина му нуделе далеку повеќе простор за игра, тогаш 18-годишниот Максимов потпишува договор со Атлантас.

Интересно, иако е висок 1.90 сантиметри, Максим во почеток играл лево крило и дал дури 24 гола на 91 официјален меч а во првата сезона во еврокуповите дал еден гол на седум настапи. Во дресот на Атлантас играл цели три сезони.

По добрите игри, Максимов на кратко оди на проба во соседна Белорусија а набрзо преминува во Тракаи, литванскиот прволигаш каде тренерот Олег Василенко му ја наоѓа природната позиција - истурен центарфор.

Ваквиот потег бил неверојатен затоа што Максим сезонава даде 7 гола (сите од игра) на 6 квалификациски рунди во Лига Европа. И тоа даваше голови против екипи против кои Тракаи стриктно се бранеше и беше аутсајдер - Сент Џонсон од Шкотска, Норчепинг од Шведска и Шкендија.

Во првенството на полусезона има 18 гола на 23 официјални натпревари за „Витезите“ или 0,78 гола по натпревар во просек - подвиг кои многу скаути го бележеле во тефтерите.

„Максим е ретко паметен, неизбежен човек кој има високи цели во животот. Има страшен потенцијал и уште не е стигнат далеку колку што може да покаже. Расте и се развива како играч“, вели Олег Василенко.

По пишување на руските медиуми, Максимов неодамна добил понуда од Зенит да добива висока плата од 10.000 евра месечно но да биде резервен играч од клупа и тој одбил затоа што сакал да игра и да се развива професионално.

Вредноста на Максимов според реномираниот германски Transfermarkt.com е 200.000 евра, но сосема е извесно дека Литванците барале повеќе особено по лудите игри на Русинот во последно време.

Maksim Maksimov from Nuno Mendes on Vimeo.

30 август 2017 - 14:35