Рома го контактирала Челси уште во јануари 2015-та затоа што Мохамед изгубил место од конкуренцијата (по кажувањата на Мурињо пред неколку дена) и Лондонците му барале добра позајмица.
Трансферот го саботирал претседателот на еврејската општина на Италија Виторио Павончело кој води борба со многу фашистички настроени хулигани во Рим: „Овде нема места за расисти. Како ние да навиваме за Рома ако таа потпише анти-семит?“, прашувал првиот човек на еврејската заедница.
Павончело така потсетил на една епизода од 2013-та кога Базел го пречекал Макаби Тел Авив во квалификации од Лигата на шампионите. На домашниот меч во Швајцарија, Салах ниту еднаш не се поздравил со рака со противниците (пред почетокот ги врзувал копачките а за време на поздравувањето со затворена дланка формално ги поздравувал).
На реваншот во Израел не сакал да патува но потоа се предомислил: „Фудбалот е поважен од политиката (арапите и евреите важат за историски непријатели). Јас дојдов тука за да дадам гол и да победиме. Сионското знаме да не биде во Лига на шампиони“.
Навивачите на Макаби го исвиркуваа, Момо даде гол уште во првото полувреме, а Базел се избори за 3:3 и пројде понатаму.
Претседателот на можеби највлијателната еврејска заеднца во Европа ветил дека ќе бара средба со Салах. Но Рома, за која едногласно навиваат речиси сите Евреи во Рим, се откажала од трансферот од разни околности и Салах одлетал во Фиренца каде многу го посакувале.
Ниту во градот на Данте Алигиери и Сандро Ботичели не го одминале прашањата за анти-семитизам: На презентацијата на новиот фудбалер некој локален новинар го прашал за епизодата, Салах негирал се и рекол дека без основа израелските медиуми му ја додале изјавата за сионисткото знаме.
После пар месеци сите заборавиле на приказната. Салах го избра бројот 74 (бројот на загинати во трагедијата на стадионот во Порт Саид во 2012-та година за време на фудбалски меч меѓу Ал Масри и Ал Ахли) и на првите седум меча постигна шест гола!
Лично самиот ја прекина двегодишната серија на Јувентус без пораз на домашен терен. Првиот гол во мрежата на Јуве беше како оној легендарниот на Баџо само уште побрз: за 7 секунди Мохамед истрча 70 метри.
Фиренца тогаш сфати дека во клубот повторно има генијален играч. Салах го обожавале на секој агол, навивачи на улица го застанувале повеќе отколку противнички бекови.
Но Мо не бил новиот Баџо - во системот на тренерот Монтела Египќанинот играше во улогата на Меси, му дал целосна слобода во играта и го ставил поблизу до противничкиот гол. Салах играше во напад заедно со Марио Гомез и Бабакар, а спортскиот директор Даниеле Праде изјави дека екипата ужива да работи за Момо.
Салах во првиот месец асистираше буквално на секој меч (2,4 асистенции во просек - денес во Ливерпул има 2,3 во просек). Во Фиренца се појавила Pizza Salah (моцарела, бурата, пармезан, тартуф и бел вргањ), а фејсбук страната на Фиорентина ја лајкнале илјадници горди Египќани.
Но целата бајка полека почна да губи од сјајот. Најпрво се појавија првите гласини за отказ на Монтела а на негово место наскоро дојде Пауло Соуза - Португалецот кој во 2013 го тренираше Макаби Тел Авив.
Салах и натаму играше одлично но некако како да изгуби интерес за Фиорентина која што не се пласираше во Лига на шампиони. Летото 2015 беше бурно. Мурињо скептички се однесувал кон Мохамед (во Италија секој брз играч има предност) и не го врати во Челси.
Фиорентина активирала продолжение на позајмицата и готова била да го откупи договорот на Салах. Но по последниот меч срдечно го поздравил отпуштениот Монтела во конференциска сала и се простил со тренерот кој му ја откри позицијата. На „Виолетовите“ им фалеле пари за да го откупат договорот а башка годишната плата на Мохамед изнесува 3,4 милиони евра со се бонуси.
Управата на Фиорентина тогаш си играла со судбината на својот најдобар играч: самоиницијативно ја продолжиле позајмицата од Челси и ги прекршиле правилата (се дадоа и на Арбитражниот суд CAS којшто пресудил во корист на Египќанецот).
Тогаш член на бордот на директори на Интер Паоло Панераја рекол: „Ако нашиот клуб направеше нешто вакво, Интер веќе ќе беше исфрлен во пониска лига“. Летото никој не знаел кај е Салах за што Манчини еднаш изјавил: „Јоветиќ е играч на Манчестер Сити. Перишиќ на Волфсбург а за Салах никој не знае ништо. Се договоривме со Перишиќ, на Салах не му ѕвонев зошто ми ги ограничија повиците“.
На крај Фиорентина дознала дека Салах е во Рим каде „Џалоросите“ веќе не обрнувале внимание на мислењето на локалните Евреи.
Мохамед брзо се вљубил во Рим. Живеел на 25 минути од клупската база, слободното време го поминувал со семејството, многу си играл со ќерка му и читал книги. Дури и папараците се навикнале на неговиот мирен и тивок живот. Салах останувал после тренинзи и барал од Спалети да поработи со него индивидуално и стана уште подобар.
Мо го имаше најдобриот старт на нов играч на Рома уште од времето на Батистута (5 гола на 9 средби).
Во Рим го вратија на крило но и од таму постави личен рекорд - 14 гола во првата сезона и дури 15 во втората. Ќе дадеше уште повеќе но во Италија многу екипи играат со ниска одбрана и затворени.
Влијанието на Салах беше непроценливо - тој ги навлекуваше противничките бекови и им правеше отворен простор на своите играчи. На пример Наинголан таа сезона даде 11 голови а Џеко набрзо стана најдобар стрелец во Серија А на асистенции на Салах.
Со заминувањето на Салах од „Вечниот град“ (спортскиот директор на Рома, Мончи изјави дека биле приморани да го продадат за клубот да ги почитува сите фер-плеј регулативи на УЕФА), отапе и острината на нападот.
Рома немала избор затоа што Салах сам сакал да замине - тој еднаш го одбил Ливерпул, го избра Челси и сега не сакал да ја повтори истата грешка. Најмногу од сите сакал да игра кај Јирген Клоп.
Токму кај Германецот стана еден од најдобрите фудбалери на свет. Клоп му ја врати фиорентинската слобода и го приближи до противничкиот гол. Реализацијата на Салах скокна за 19,1% во однос на Рома (во Фиренца имал 20,7%, а во Англија 22,3%).
Вечерва Мохамед се враќа на „местото на настанот“. Во Рим каде со неговата неверојатна игра Ливерпул носи три гола предност (2:5 од првиот меч).
Прочитајте уште: ФУДБАЛЕРОТ КОЈ ГО ОБЕДИНУВА БЛИСКИОТ ИСТОК, САЛАХ НЕ ГИ СЛАВЕШЕ ГОЛОВИТЕ ПРОТИВ РОМА, ДАЈТЕ МУ ПИРАМИДА НА ФАРАОНОВ, ЕМОЦИИТЕ НА ЕГИПЌАНИТЕ НА ГОЛОВИТЕ НА МОХАМЕД