И покрај огромната важност на мечот, радоста и ерупцијата на „Енфилд“, Египќанецот се воздржа и не пројави никакви емоции поради тоа што настапуваше за Рома од летото 2015 до летото 2017.
Пред почетокот на оваа сезона тој замина во Ливерпул за 42 милиони.
Што изјави Салах пред мечот:
„Играв за Рома цели две години, таму се ми се допаѓаше. Се борев за тој клуб но сега сум должен да играм против него. Нема да биде лесно. Постојано комуницирам, се допишувам со дечките од Рома, останавме другари.
Ја сакам Рома, градот Рим, навивачите. И знам дека и тие ме сакаат мене. Сигурно има многу разни емоции. Се надевам дека ќе победиме но притоа и посакувам среќа и на Рома“.
Кога ги постигна двата гола Салах покажа дека тоа биле празни зборови туку чисто, искрено уважување. Се сврте кон навивачите на Рома и со кренати раце им се извини:
Приказната за фудбалскиот пат на Салах тука.