Трговец со недвижности
Секоја европска екипа сака да троши пари, лесно да ги добие конкурентите за најдобрите играчи и без страв да гледа на иднината. Режимот „купи евтино - продај скапо“ за Бенфика станал не избор, туку спас. По Европското првенство 2004, ’Орлите’ го наследија раскошниот стадион „Да Луж“ и обновената база.
Во божествени услови клубот за првпат после 11 години ја освои титулата во 2004/2005, во составот имаше репрезентативци - Нуно Гомеш, Симао Саброса, Арманд Пети и можел да си ги дозволи услугите на Џовани Трапатони.
На Бенфика и било неопходно да станува успешен клуб инаку неоправданите големи трошоци би ги проголтале “Орлите“, а резултатот не би дошол во брзо време.
Продавачот на недвижности Луис Филипе Виеира во 2003-та стана претседател на Бенфика и за кратко време ја освоил верноста на навивачите. После три години, раководството на клубот одново го избрало бизнисмеот за претседател. Виера спремил програма на десет години однапред.
Негова главна идеја била да се откажат од скапи играчи во полза на производство на сопствени. „Наша цел е да создадеме екипа која сто проценти ќе се состои од воспитаници од академијата. Тоа е наш долгорочен план и не сомневам дека ќе успееме“, изјавил Виеира.
Логор од 20 милиони евра
Годинава Бенфика открила камп на 50 километри од Лисабон во градот Сејшал кој се граничи со реката Тахо. Територијата на комплексот се шири на 15 хектари и на неа разместиле 9 фудбалски терени (во моментов 12), училници, медицински центри, тренажни сали и клупски канцеларии. Изградбата на целиот камп изнесувала 20 милиони евра.
Персоналот е составен од 120 луѓе а годишното одржување на академијата ја чини Бенфика 5 милиони евра. Интересно, од продажбата на бисерот Ренато Санчез (на 18 години освои Европско првенство) за 35 милиони евра, академијата можела да плати расходи 7 години однапред.
Годишно клубот за секое од децата троши грубо околу 50.000 евра но затоа подоцна заработува илјада пати повеќе.
Уникатноста на спортскиот комплекс лежи и во тоа што е способен да се одржува сам за себе без средствата на клубот. Во кампусот има неколку лични спонзори како на пример банката Caixa Geral De Depositas - најголема во земјата. Кампот има и голем приход од други партнерски односи.
300 петлиња
Академијата на Бенфика има повеќе од 300 деца на возраст од 13 до 19 години. Освен тоа, по целата земја под грбот на Бенфика дејствуаат 50 фудбалски школи во кои со фудбал се занимаваат повеќе од 5.000 деца на возраст од 6 до 12 години. 97% од нив се Португалци а останатите доаѓаат од други земји (најчесто африкански).
Лабораторија за „Орлите“
Условите во академијата се астрономски и потсеќаат на сцена од футуристички филм. Модерно и современо здание во кое вработените доаѓаат на електрични автомобили и во кое има најнова технолошка опрема.
Младите играчи на Бенфика имаат тренажер 360S од 2014'та година. Тоа е простор од 14х14 мтри со 72 квадратни метри. Како функционира?
Играчот застанува на центарот од теренот со максимална сличност на реалните услови и работи во рамките на наведениот бел круг. Во негов правец со различни брзини летаат топки а негова задача е брзо да сфати кај ќе лета топката, смее да има еден или два контакти и да ја шутне во панелот којшто ќе се огласи и упали во еден момент.
Еднаш неделно секој состав на Бенфика оди на ова инженерско чудо. За сите новини во областа на спортската технологија одговара научен департмент на „Орловите“ - ’Лабораторија на Бенфика’. Освен тоа, таму се тестираат и биохемиски показатели на децата: темпото на раст, нивото на протеини, масти и јаглени хидрати.
150 селекции
Најголема гордост на португалскиот шампион Бенфика е скаут службата. ’Орлите’ имаат по неколку скаути во секој од 18-те региони на Португалија и се во постојана потрага по талентирани деца и младинци.
Во оваа служба има 150 вработени и секој работи со договор. Може да му пратите видео од вашата игра на некој од скаутите а тој ќе реши дали ќе го однесе детето на проба во клуб.
Бразилците Рамирес, Давид Луиз, Марсал или Едерсон се доказ за работата на оваа служба која ги открила и: Аксел Витцел, Јан Облак, Анхел Ди Марија, Немања Матиќ, Хави Гарсија, Родриго, Нико Гаитан и многу други.
Формација 4-3-3
Балансот меѓу талентираните воспитаници и првотимците се одржува со единствената клупска идеологија. „Нашата филозофија е никогаш да не застанеме. Ние ги обучуваме децата да играат во шема 4-3-3 но не сите. Од 6 до 12 години децата се занимаваат со програмата на Бенфика, играат во екипи по 7 луѓе на терен со соодветни димензии. Но веќе од 13 години, то ест од моментот на влез во Академијата и до моментот на завршување, нашите деца играат 4-3-3 со упорен посед на топка и брза трансформација од одбрана во напад“, раскажува техничкиот директор на Бенфика Жоал Сантош.
Слична тактика долги години има во Барселона, Ајакс и Партизан чии школи повеќе од 20 години се сметаат за најдобри во светот.
Чиста сметка долга љубов
За последните пет сезони (9 трансфер преодни рокови) Бенфика распродала играчи за дури 503 милиони евра и притоа пазарела за 171 милион без да и наштети на екипата која е шампион во последните три години.
Најмногу од сите трансфери клубот заработи од голманот Едерсон кој замина во Манчестер Сити и Аксел Витсел кој се пресели во Зенит во 2012. Двајцата беа продадени за 40 милиони евра!
УЕФА од неодамна има Лига на шампиони за играчи до 19 години а Бенфика во оваа категорија два пати стигнува до финалето во последните четири сезони но по старата „гутмановска традиција“ не победува. Бенфика сезонава рано остана без Европа, испадна од Лигата на шампионите но клубот ќе остане еден од најретките со правилна стратегија во светскиот фудбал.
ТОП 7 ТРАНСФЕРИ НА БЕНФИКА:
Едерсон 2017/2018 - Манчестер Сити, 40 милиони евра
Аксел Витсел 2012/2013 - Зенит, 40 милиони евра
Виктор Линделеф 2017/2018 - Манчестер Јунајтед, 35 милиони евра
Ренато Санчез 2016/2017 - Баерн Минхен, 35 милиони евра
Анхел Ди Марија 2010/2011 - Реал, 33 милиони евра
Нелсон Семедо 2017/2018 - Барселона, 30,5 милиони евра
Фабио Коентрао 2011/2012 - Реал Мадрид, 30 милиони евра.