Неколку дена пред гостувањето во Белград, фудбалскиот клуб Ливерпул се обратил до Партизан со барање да ги користат терените и сместувачкиот капацитет во нивниот модерен тренинг центар „Земунело“. Овие со широки раце прифатиле а кога Ливерпул дошол, на Јирген Клоп му дале дрес од Партизан со број 4 како алузија на четирите гола кој Ливерпул на „Енфилд“ ѝ ги даде на Црвена звезда - нивниот најголем ривал.