Трансфер за кој нема ништо да разберете

Не знаеме што збори овој, ниту на кој јазик е ова чудно и смешно мрмлање, само сигурни сме дека ова е монтажа чисто како заебанција за на 31 јануари, последниот ден за трансфери. И титлот благе везе нема.

Пошто типов сигурно не зборува за Емерсон, да ви објасниме што е со него. Се работи за заедничка операција на Бетис и Барселона кои го купија дефанзивецот за 12 милиони евра. 20 годишниот Бразилец до 2021-ва ќе игра во Бетис, а потоа може да премине во Барса. Парите за трансферот ќе ги поделат Атлетико Миниеро и неговиот претходен клуб Понте Прета. Чудна зделка, чудно видео, тоа е.

1 февруари 2019 - 09:35