Таг: трансфер

Реал го платил 24 милиони, а не знае да жонглира

Новото засилување на Кралскиот клуб за кого се скараа комшиите од Мадрид ја зачуди светската јавност откако на промоцијата каде играчите стандардно покажуваат што знаат со топка, таа од него се одбиваше како од дрво.

Стипсата Бенфика и шведскиот третолигаш

Португалскиот гигант Бенфика, кој важи за 26-от најбогат клуб на светот, во 2011-та го купил Виктор Нилсон Линделоф за мала сума, но се испостави дека не платиле една од договорените ставки и Швеѓаните останале кратки за 250.000 евра поради што тешко преживуваат.

Трансферот на летото го има Спортинг

Да одмориме мозок малку од цифри, 90 милиони, 120 милиони, Игуаин, Погба и слично. Одиме со една куса и човечна приказна која за жал малку клубови во светот ја прават, а едноставна е и целта е една и единствена. Усреќи го детето.

Како Лејкерс го украле Шекил од Орландо

И покрај тоа што важеше за моќна и богата франшиза, Орландо не направи ништо по прашањето да го задржи Шекил во своите редови. Ја докажуваа својата надмоќ со тоа што ја критикуваа неговата игра и на крајот Шек реши да потпише со Лејкерс каде направи империја.

Зошто враќањето на Геце во Дортмунд е добра работа

Во историјата на човештвото многу предавници сакале да се вратат меѓу своите, но за тоа морале да изодат многу потежок и трнлив пат каков што сега го чека Марио Геце, некогашниот миленик на Дортмунд, па златна резерва во Баерн и сега најомразен лик на Вестфален.

Финалистот на Европско од Камерун кој Барса го купи за 25 милиони

Кога дошол од сиромашниот дел на Камерун во Лион, не знаел да плива и седел во малиот базен, учел да вози точак со еден од соиграчите од детството, но на теренот со пожртвуваност и храброст заслужи да стане нов фудбалер на еден од најголемите светски клубови.

Трансферот поради кој целиот свет го хејташе Голден Стејт

Со ангажманот на Кевин Дурент, Голден Стејт одново влезе во историјата - како прва франшиза во НБА во која ќе настапуваат дури 4 од 20 главни суперѕвезди во НБА.

Северноирскиот Варди кој работел како поштар ќе игра на ЕП

Пред четири години Конор Вошингтон разнесувал пошта во рани зори, а сега ќе биде еден од главните играчи на Северна Ирска на Европското првенство.

Радувај се Флитвуд на трансферот на Варди

Топџиите од Северен Лондон се многу близу до потпис со најдобриот стрелец од минатата сезона, Џејми Варди од Лестер. За него Венгер би одвоил 20 милиони фунти а дел од тие пари ќе ги добие и третолигашот Флитвуд.

Во Словенија купуваат играчи преку ЛинкдИн

Тренерот на Домжале, познат словенечки прволигаш, ја одбрал познатата социјална мрежа од светот на работата за да најде нов офанзивен бек за екипата.

Каде ќе оди Шармантниот?

Како ретко кој, достоинствено се носеше со сознанието дека е поранешен и дека на негово место ќе дојде Пеп Гвардиола. Чилеанецот по сè изгледа ќе оди на Стемфорд Бриџ или на Висенте Калдерон.

Јавување во живо со лудак покрај себе

Трансфер преодниот рок во повеќето земји заврши синоќа на полноќ. Во Италија немаше нешто многу за одбележување (освен Едер во Интер), така што вниманието го доби случајниот минувач до новинарите од Скај Спорт.

На промоција се појави како од Војна на ѕвездите

Омар Гонзалес (27) синоќа го комплетираше трансферот од Лос Анџелес Галакси во мексиканската Пачука, а на промоцијата се појави облечен како Дарт Вејдер од филмскиот хит Војна на Ѕвездите. Чисто да ја разбие монотонијата на: Уште како мал сонував да го облечам овој дрес.

Хрватот кој е незаменлив дел од Барселона

Меѓу 157 милиони евра потрошени за трансфери минатата година, Каталонците одвоија 18 за Хрватот кој за кратко време стана омилен на Камп Ноу и незаменлив дел од составот на Луис Енрике.

Педро и Челси спасија клуб од Канарски острови

Благодарение на ФИФА training and solidarity mechanism и поради фактот што Педро играл за овој тим до 17 години, клубот Ракви Сан Исидро ќе добие околу 450.000 евра од целосната сума која Челси ќе ѝ ја плати на Барселона.

Најпознатите слободни фудбалери летово

Ова лето ќе биде лето на слободни играчи, затоа што на многу фудбалери им истекува договорот и од 1-ви јули 2015-та ќе можат без проблем да си бираат нов клуб.

Како работи пазарот за фудбалери во месец јануари?

Ниту еден клуб не сака да загуби некој од своите фудбалери во зимскиот преоден рок и да нема доволно време да најде соодветна замена за вториот дел од сезоната. Најскапиот трансфер во историјата на зимскиот преоден рок е оној на Фернандо Торес од Ливерпул во Челси.