Многу луѓе не можат да го толерираат тоа што го направи Марио Геце пред три години. Тогаш овој фудбалер премина во побогатиот Баерн Минхен и тоа во период кога Борусија се бореше со минхенскиот ѕвер за приматот.
Тоа не беше нож во грб, туку митралез. За целиот Дортмунд и Вестфалија Геце стана предавник и душман. Од тогаш Борусија не зема ниту еден трофеј со исклучок на Суперкупот. Геце на голема радост на жолто-црниот КОП на Вестфален, стана резерва во Баерн Минхен и не играше воопшто. А сега се врати назад и тоа може да се тумачи како добра работа. Зошто?
Пред три години на негово место во Дортмунд дојде Хенри, кој сега замина во Манчестер Јунајтед а Геце се врати дома како негова замена. Јасно е дека Геце во последните години најчесто играше во нападот, а Хенри во средината но и покрај тоа имаат многу што заеднички. И двајцата се класни офанзивни играчи способни за одличен последен пас.
Во Борусија Геце блесна токму како асистент. Во сезоната 2010/2011 Марио спреми дури 11 асистенции со 6 гола. Дали е потребен да го замени Михтарјан? Дефинитвно е нужно. Дали има подобар кандидат од Геце во моментов? Нема.
Геце сам го одбра потешкиот пат
Марио лесно можеше да премине во некој англиски клуб - на пример во Ливерпул кај Јирген Клоп. На „Енфилд" немаше да се сретне со таква агресија со каква ќе се сретне на трибините на Вестфален.
Но Геце, херојот на Германија од Светското 2014 прејде во Брусија Дортмунд каде веќе ги Клоп и оние со кои играше. Марио го презеде ризикот и се врати во градот кој се уште го памети предавството. Барем во првите неколку месеци ќе игра на стадион каде ќе го мразат многу.
Геце нема да биде рамнодушен
Златната резерва на Баерн стана рамнодушен, бесчуствителен па дури и апатичен за време на престојот во Минхен. Клупата за резерви фрустрира а тоа Геце најдобро го почуствувал на своја кожа. Сега тоа нема да биде случај, затоа што кога со навреди ќе загрми „Жолтиот ѕид" зад едниот од головите невозможно ќе биде Марио да остане рамнодушен при секој контакт со топката.
Тоа би можело само дополнително да го мотивира да им покаже дека грешат. Во 2009. година на пример Владимир Бистров се врати од Спартак Москва во Зенит чиишто навивачи не престануваат да му скандираат „Предавнику, марш од клубот" и да носат пароли „Јуда", но Бистров постигнуваше гол на 6 меча по ред и го смири гневот.
Во тој поглед, кај Геце нем да има апатија, туку бес, желба да се докаже, страст, но сигурно не апатија. На Борусија и треба ѕвезда
Иронично, во тимот кој неодамна стигна до финалето на Лигата на шампионите и два пати по ред ја освои Бундеслигата не постои апсолутна ѕвезда. Од оние кои останаа во Дортмунд најблиски до овој статус се Ројс и Обамејанг.
Обамејанг минатата сезона правеше чуда: даде 25 голови во првенството, стана најдобар играч на Африка и ја засили асоцијацијата со Бетмен. Ројс иако беше на омотот на ФИФА 2017, не се најде на списокот на Германија за Европското поради повреда. Во тој контектст, враќањето на Геце може да биде само корисно за Борусија која сака да му парира на Баеерн Минхен во сите области, а не само во фудбалската.
Дали Геце би можел да го сруши системот?
Долго време најдобрите играчи во Бундеслигата по правило завршуваат во Баерн Минхен. Пизаро, Балак, Зе Роберто, Лусио, Исмаил, Клосе, Гомес, Нојер, Левандовски, Хумелс. Овој систем ја уништува конкуренцијата во борбата за титулата, така што често за Бундеслигата може да се слушне дека е „првенство на еден тим".
Низ целата култура на човештвото темата повраток на херојот е на вистински пат да успее. Рембрант на пример ја насликал евангелиската „Христос во Бурата на Галилејското Езеро", а Лук Скајвокер на пример се обиде да го преобрази татко му.