Хит видео на колото

Ливерпул минатото лето плати астрономски 140 милиони евра за напаѓачот Александер Исак кој дојде од Њукасл после неколку месечна сага. Ама сега навивачите на Ливерпул не би дале ни 14 центи за него. После новиот тежок дебакл на црвените кои изгубија дома 0:3 од Нотингем Форест и го забележаа шестиот пораз на последните 7 натпревари во Премиер лига, целиот бес беше истурен во Исак.

Шведскиот репрезентативец одигра 68 минути пред да биде заменет со Енрико Кјеза. Навивачи на Ливерпул тврдат дека тоа е најлошо одигран прв дел на кој било нивен играч во историјата. 

26-годишниот Исак сезонава на 5 натпревари има само 1 асистенција и 0 голови.

24 ноември 2025 - 13:19