Срамен почесен шпалир во Аргентина за Ди Марија и Росарио

Аргентинскиот фудбалски сојуз среде сезона предизвика бурна реакција во нивната земја откако воведе таканаречена шампионска титула по крајот на основниот дел на првенството Клаузура.

Трофејот за шампионска титула го освои Росарио Сентрал кој собра најмногу бодови во првенствата Апертура и Клаузура (аргентинскиот фудбалски систем е најсложен на свет*), но мотивите за ова решение на аргентинскиот фудбалски сојуз предизвикале сомнеж.

Првиот човек на аргентинскиот фудбал Родриго Тапија е во добри односи со Анхел Ди Марија, капитенот и дете на Росарио Сентрал кој по фантастично трофејна кариера во најголемите светски клубови, реши да се врати дома во Аргентина.

Поради нивниот близок, пријателски однос овој потег на Тапија и Фудбалскиот сојуз на Аргентина предизвика бурни реакции.

Најгласно реагирал Себастијан Верон, првиот човек на Естудијантес Ла Плата, некогашна легенда на Лацио и Манчестер Јунајтед.

Верон веќе подолго време е критичар на Родриго Тапија и аргентинскиот фудбалски сојуз а сега се погодило баш неговиот Естудијантес да го игра првиот натпревар по прогласувањето на титулата на Росарио токму против Росарио.

Овие две екипи го играа осминафиналето од клаузура на стадионот на Росарио Сентрал каде пред почетокот на мечот Анхел Ди Марија го крена шампионскиот пехар. Гостите од Естудијантес биле принудени да направат шампионски шпалир за Росарио, а тие се решиле да им свртат грб во шпалирот во знак на протест.

На крај Естудијантес уште и славеше 0-1 со голот на Едвин Сетре и го елиминираа Росарио (шампионот на комплетна лига) но не и првак на Апертура и Клаузура.

*Аргентинската лига е поделена на две зони од по 15 тима. Секоја екипа игра една против друга а игра и против екипи од другата зона во таканаречена интерзона. Се играат 16. кола. После тоа првите 8 тима од секоја од двете зони оди во доигрување кое почнува од осминафинале се додека на се реши шампионот во финале.

Ова се случува два пати во годината: има Апертура првенство и Клаузура првенство. Но постои и годишна табела која што одредува која екипа ќе игра во Копа Либертадорес а која во Копа Судамерикана. Росарио Сентрал бил лидер на таа табела. Досега никој никогаш не добил пехар за такво нешто, за таква табела.

24 ноември 2025 - 09:44