Првата половина од сезоната Адриен Силва ја пропуштил поради тоа што неговите документи доцнеле 14 секунди после официјалниот дедлајн од преодниот рок. Тоа се случило поради доцнењето на зделката од продажбата на Даниел Дринквотер за 35 милиони евра во Челси.
Адриен Силва во Лестер го сметале за директна замена за англискиот репрезентативец Дринквотер и да не била зделката со Челси, не би можеле да го купат Португалецот кој беше најдобар играч на Спортинг Лисабон.
На крајот Челси успеал на време да го ангажира Дринквотер а Лестер не успеал на време да го регистрира Португалецот во ФИФА. И покрај тоа што Силва ги поминал медицинските прегледи на стадионот „Кинг Паур“, тој изгубил пола година од својата кариера зошто немал права да игра за Лестер.
Поради мотивите на оваа необична историја португалскиот фудбалер во новата екипа го избрал дресот со број 14. Претходно овој број го носеа Н’Голо Канте и Бартош Капутска.
Во Европа од 1. јануари се отвори трансфер преодниот рок и преминот на Адриен Силва конечно бил регистриран во англиската Премиер лига. Но според правилата на лигата играчот може да игра само после времето на регистрација, а Лестер на 1. јануари играше против Хадерсфил.
На тој меч Адриен Силва не можел да игра па Лестер барал посебна дозвола од управата на најпопуларната лига на светот. Лестер на крајот лесно се справил со Хадерсфил и без новајлијата. Португалецот симболично влегол во игра во 86’ минута при резултат 2:0 за „Лисиците“.
Се надеваме дека ќе го надомести пропуштеното и ќе гледаме уште еден фантастичен фудбалер во англиската премиер лига.