Со освоени 77 бода, 11 повеќе од Наполи, 18 пред Милан и 6 повеќе од претходната сезона, на 5 кола до крајот на првенството, веќе стана јасно дека „Старата дама" без проблеми ќе го одбрани Скудетото во италијанската Серија А. „Бјанконерите" беа незапирливи и доминанти во текот на целата сезона и не планираат тука да застанат.