Италијанската полиција направи рација во 41 фудбалски клуб од Серија А, Серија Б и Лега Про, истражувајќи потенцијални измами и избегнување на плаќање на данок.
Јувентус, Наполи, Милан, Лацио, Интер, Рома и Фиорентина се само дел од клубовите во кои е извршена рацијата по наредба од јавното обвинителство на Неапол. Во рацијата нема уапсени лица, а полицијата само конфискувала документи вклучувајќи и договори со фудбалери.
Полицијата ги истражува трансферите на повеќе од 50 фудбалери, а повеќето од нив се поврзани со агентот Алесандро Моџи, синот на контроверзниот поранешен директор на Јувентус, Лучано. Дел од оваа истрага се трансферитe на Езекил Лавеци, Антонио Ночерино, Чиро Имобиле, Џузепе Скули и многу други фудбалери, а под истрага се 8 агенти.