Брзо и ефикасно, се поголем број на топ вести дознаваме токму од Твитер, а самите играчи, тренери и спортски директори твитаат за важните вести поврзани за фудбалот. Така на пример Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис со слика на Твитер се пофали дека Рафа Банитез ќе го замени Валтер Мацари на клупата.
Со оглед на растењето на популарноста на овој тренд, се повеќе расте бројот на следбеници на Твитер на фудбалските клубови во Италија. Серија А има вкупно 2.604 000 фанови и минатиот месец од април до мај оваа година популарноста рипнала за 11,5 проценти.
На оваа листа убедливо на прво место се наоѓа Милан со 1.143 825 следбеници или со дури над 100 илјади повеќе во мај за разлика од април месец.
На втората позиција со повеќе од дупло помалку следбеници се наоѓа италијанскиот шампион Јувентус кој има неполни 600 илјади или над 60 илјади повеќе минатиот месец отколку во април. На трето место е Интер кој во бележи 327.051 фанови.
Интересно е што бројот на фанови на Твитер во период од еден месец најмногу се зголемил кај тимот на Болоња и тоа од 41,5 проценти, но бројката им е се уште скромна и изнесува 9.579. Единствените три екипи кои не привлекле ниту еден твитерџија во периодот од април до мај се новите прволигаши Верона, Сасуоло и Ливорно кој е последен на оваа табела.
Кај навивачите кои се зависни од Твитер ситуацијата е малку поинаква. Таму први се оние на Интер кои во минатиот месец имале скоро 35 илјади твитови, втори се фановите на Милан, а на третата позиција котираат оние на Удинезе.