Повеќе од 3.000 фудбалери аплицирале во натпреварот "Samsung Premia il Talento" организиран од Парма и Лече. Главната награда е едногодишен договор за двајца фудбалери. Еден од фудбалери ќе добие договор со младинската академија на Парма, а другиот ќе добие професионален договор со првиот тим на третолигашот Лече.
Од 3.000 апликации, избрани биле најталентираните 66 фудбалери кои ќе бидат поделени во 6 екипи според 3 возрасни групи - 14-15, 16-17 и 18-25 години.
Судии на натпреварувањето ќе бидат тренерот на Парма, Роберто Донадони, капитенот Стефано Морони и поранешниот фудбалер Хернан Креспо, а Лече ќе го претставува претседателот Антонио Тесоро. Во жирито ќе бидат и уште неколку фудбалски имиња како Чиро Ферара и Доменико Кришито.