Таг: серија а

Уште една мајсторија на Пандев

Пред две кола Горан Пандев ја прекина својата најдолга црна серија без постигнат гол во Серија А, а со нов погодок при денешната победа над Џенова тој потврди дека се враќа во голгетерска форма.

Балканците планирале да местат и во Лига Европа?

Долгата истрага за големиот скандал со местење натпревари во Италија која се води во обвинителството во Кремона, постојано открива нови детали околу плановите на балканската врска која оперираше во италијанските лиги во корист на шефот од Сингапур, Дан Тан.

Милан царува во 2013 година

По првиот дел од сезоната во Серија А во кој „Росоњерите" имаа мизерен старт и долго време беа потонати во долниот дел од табелата кој носи испаѓање во втората лига, од стартот на новата година како да се појави "нов" Милан кој не знае за пораз во домашното првенството.

Дерби дела Мадонина без победник

180-то првенствено дерби на Милано заврши без победник. По интересен и неизвесен натпревар, градските ривали Интер и Милан поделија по едно полувреме, а на крајот и ги поделија поените.

Голчиштето на Тоти

Рома го совлада Јувентус со 1:0, а единствениот погодок на натпреварот беше ремек-дело на Франческо Тоти. Неговиот проектил патувал со 113 km/h.

Удинезе протестира со замрзната слика

Удинезе се уште не може да се помири со поразот по сомнителната одлука за пенал во судиското продолжение и денес ќе протистираат со замрзната слика на својот ТВ канал.

Не биле само Англичаните казнети за нова година

Традиционално во фудбалот само едно национално првенство не забавува "во најлудата ноќ" од годината, а тоа е Премиер лигата. Освен Англичаните кои не смеат по дочекот за новата година да имаат мамурлак, уште една екипа мораше да тренира, но тоа се случи пред 26 години.

Видал ја спаси планетата

Денес требаше да биде крајот на светот, но за среќа Артуро Видал ја спаси планетата со залутаната топка од неговиот промашен пенал при победата на Јувентус над Каљари со 1:3.

Јувентус доминира само против слаби клубови

Актуелниот првак на Италија и оваа сезона е на лидерската позиција во Серија А, но за разлика од минатата сезона кога го освоија Скудетото без ниту еден пораз, сега победуваат само против слабите тимови.

Ножичките на Коне против Наполи

Гркот роден во Албанија, Панајотис Коне постигна прекрасен гол за Болоња при изненадувачкиот пресврт по кој неговиот тим славеше со 2:3 на гостувањето кај Наполи.

Буфон: „Јувентус заслужи пораз од Милан“

Во дуелот помеѓу најтрофејните екипи во Италија, Милан со спорен пенал го победи Јувентус, но голманот на актуелниот шампион призна дека неговиот тим го заслужил поразот.

Лацио со пресврт до триумф на Derby della Capitale

Лацио полека ја добива битката за превлст во Рим откако триумфираат на трето дерби по ред. Овој пат тие победија на „базенот" во Рим со играч повеќе и пресврт по почетното водство на Рома.

Пескара се сретна со машинеријата на Јувентус

Екипата на Пескара ја имаше таа „среќа" да игра со Јувентус веднаш по нивниот прв пораз по 49 натпревари.

Кошмарно дерби за Јувентус

Навивачите на Јувентус веројатно не можеа да замислат полошо сценарио. Заврши неверојатната серија од 49 натпревари без пораз на актуелниот шампион и тоа со пораз на домашен терен во дербито на Италија од најголемиот ривал Интер.

Фејсбук го издаде судијата дека навива за Јуве

Претседателот на Катанија го обвини помошниот судија Лука Маџани дека е навивач на Јувентус, а доказ за тоа била неговата фан страна на Фејсбук.

Јувентус повторно победи со помош на судиите

Коментарите за судиските грешки на натпреварите на Јувентус се секогаш присутни, но овој пат „грешките" беа и премногу очигледни. Јувентус победи во Катанија со гол од офсајд и поништен регуларен гол за домаќините.

Акробатот Инлер

Фудбалерот на Наполи, Гокан Инлер за време на натпреварот кој неговиот тим го загуби од Јувентус со 2:0, во намера да изнуди прекршок изведе неверојатен актобатски потег.

Јувентус осамен на врвот, Лацио подобар од Милан

Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.

Милан ги моли навивачите да дојдат на дерби

Лошата форма на Милан се одрази и на бројот на навивачите. Трибините на Сан Сиро на изминатите натпревари беа празни, па сега тие прават очајнички обиди за да ги привлечат навивачите за претстојното дерби против Интер.

Евроголот на Миколи

Капитенот на Палермо постигна хет-трик при победата од 4:1 над Киево, а последниот негов гол беше вистинско ремек-дело од 40 метри.

Интер го разби малерот на Џузепе Меаца

По три порази и две нерешени, Интер конечно ги израдува и домашните навивачи и славеше со 2:1 над Фиорентина на стадионот Џузепе Меаца.

Сам себе го суспендирал

Претседателот на фудбалскиот клуб Каљари, Масимо Челино ја презеде одговорноста за губењето на натпреварот против Рома со службени 0:3 и си се суспендираше.

Фиорентина не ја сопре серијата на Јувентус

Екипата на Јувентус ја продолжи неверојатната серија од 44 натпревари без пораз, но по петтото коло тие веќе немаат максимален учинок во новата сезона откако одиграа без голови на гостувањето во Фиренца.