Пескара се сретна со машинеријата на Јувентус

Екипата на Пескара ја имаше таа „среќа" да игра со Јувентус веднаш по нивниот прв пораз по 49 натпревари.

Минатата недела заврши неверојатната серија од 49 натпревари без пораз на Јувентус и тоа со пораз на домашен терен во дербито на Италија од најголемиот ривал Интер.

Ова коло фудбалерите на Пескара се најдоа во погрешно место на погрешно време и мораа да бидат жртва на рехабилитацијата на Јувентус по болниот пораз од минатото коло.

Јувентус славеше лесна победа од 6:1, а се истакна Фабио Кваљарела со хет-трик и една прекрасна асистенција со петица до Асамоа кој ја круниса оваа акција со гол со ножички.

Во листата на стрелци се запишаа и Џовинко и Видал.

11 ноември 2012 - 00:18