Заради католичкиот Велигден, сите натпревари од италијанската Серија А се одиграа денес, а фудбалерите на Милан имаа најубав велигденски подарок за Јувентус. Тие му го подарија врвот на табелата откако загубија на домашен терен од Фиорентина. Горан Пандев постигна гол за Наполи против Лацио.