Откако ова лето тимот го напуштија неколку ветерани, како и Тијаго Силва и Златан Ибрахимовиќ, Милан ги скрати трошоците за 60 милиони евра, но сепак со 120 милиони евра кои годишно ги одвојуваат за плати тие сè уште се најголеми трошаџии во Серија А.
Трошоците за плати кај Јувентус оваа сезона се зголемени, а заштеди од 40 милиони евра направи и Интер со напуштањето на Цезар, Маикон и Форлан, па тие паднаа на третата позиција.
Листа на клубови според трошоци за плати и најскапо платен фудбалер:
1. Милан - 120 милиони евра; (Пато - 4 милиони евра)
2. Јувентус - 115; (Буфон - 6)
3. Интер - 100; (Снајдер - 6)
4. Рома - 95; (Де Роси - 6)
5. Лацио - 66,2; (Клосе - 2,1)
6. Наполи - 53,2; (Кавани - 4,5)
...
Најголеми плати во Серија А имаат Буфон, Де Роси и Снајдер со по 6 милиони евра, Тоти со 5, Кавани и Милито со 4,5 и Камбијасо, Мексес, Пато и Робињо со по 4 милиони евра.