
Серија А е во криза. Клубовите се дават во долгови, посетеноста на стадионите опаѓа, а фудбалерите сакаат да си одат во други лиги.
Од 20 екипи во Серија А, само осум оствариле профит минатата сезона, а помеѓу нив не се Милан, Интер и Јувентус кои регистрираа големи загуби.
Финансиската криза се одрази и на резултатите. Се до финалето на Лигата на шампиони помеѓу Милан и Јувентус во 2003-та година, италијанскиот фудбал доминираше во Европа. Но од 2005-та година само четири клуба стигнале до полуфиналето, а во истиот период до оваа фаза од Лигата на шампиони стигнале 14 екипи од англиската Премиер лига.
На почетокот на веков, Милан потроши 260 милиони евра за фудбалери како Руи Коста, Алесандро Неста, Андриј Шевченко, Кларенс Сидорф, Андреа Пирло... но таа ера заврши.
Големите даноци, лошата финансиска моќ, намалениот квалитет и маркетиншката неатрактивност во последниве години не само што не придонесуваат за привлекување на големи имиња во Италија, туку и ѕвездите кои веќе играат во Серија А бараат излез.
Но тоа не е ништо ново. Фудбалерите од Серија А во минатото правеа големи трансфери во Шпанија и Англија, но сега проблем е што дури и Франција стана поатрактивна.
Најголемите трансфери од Италија:
Зинедин Зидан - од Јувентус во Реал Мадрид - 73,5 милиони евра
Златан Ибрахимовиќ - од Интер во Барселона - 69,5
Кака - од Милан во Реал Мадрид - 65
Андриј Шевченко - од Милан во Челси - 46
Роналдо - од Интер во Реал Мадрид - 45
Хуан Себастијан Верон - од Лацио во Манчестер Јунајтед - 42,6
Тиаго Силва - од Милан во ПСЖ - 42
Хавиер Пасторе - од Палермо во ПСЖ - 42
Езекиел Лавеци - од Наполи во ПСЖ - 31
Марио Балотели - од Интер во Манчестер Сити - 28