Фиорентина не ја сопре серијата на Јувентус

Екипата на Јувентус ја продолжи неверојатната серија од 44 натпревари без пораз, но по петтото коло тие веќе немаат максимален учинок во новата сезона откако одиграа без голови на гостувањето во Фиренца.

Јувентус за прв пат оваа сезона не победи, но сепак Фиорентина не успеа да го порази актуелниот шампион и по 11 меѓусебни дуели во Фиренца. Последната победа на Фиорентина над Јувентус на стадионот Артемио Франки се случи во 1998-та година.

Денес Фиорентина беше поблиску до победата, но фудбалерите од Торино не успеаја да ја затресат мрежата на Буфон. Најблиску до тоа беа Јоветиќ кој со удар со глава ја погоди пречката во 41-та минута, а во следната акција Лајиќ искочи сам пред Буфон, но биеше крај голот.

Фудбалерите на Јувентус единствено се закануваа преку удари од далечина и ниту еднаш не успеаја посериозно да се заканат кон голот на Фиорентина.

СЕРИЈА А – 5. КОЛО

вторник:
Фиорентина – Јувентус 0:0

среда:
18.30 Пескара – Палермо
20.45 Катанија – Аталанта
20.45 Киево – Интер
20.45 Милан – Каљари
20.45 Џенова – Парма
20.45 Наполи – Лацио
20.45 Рома – Сампдорија
20.45 Торино – Удинезе

четврток:
20.45 Сиена – Болоња

25 септември 2012 - 23:33