Шампионот тргна со победа

Новата сезона во италијанската Серија А започна со трилер натпревар во кој Фиорентина со пресврт го совлада Удинезе, а Јувентус тргна во одбрана на титулата со победа над Парма.

И покрај тоа што Јувентус ја започна сезоната без својот суспендиран тренер, но и без неколку стандардни првотимци, актуелниот шампион тргна со победа извојувана за четири минути од второто полувреме.

Јувентус можеше да поведе во 33-та минута кога голманот на Парма, Антонио Миранте го собори Лихтштајнер, но потоа и го одбрани пеналот на Видал.

Сепак отпорот на Парма беше скршен во второто полувреме. Најпрвин стрелаше Лихтштајнер по центаршутот на Апија во 55-та минута, а четири минути подоцна со сомнителна одлука на судијата конечните 2:0 ги постави Андреа Пирло.

На премиерниот натпревар од новата сезона во Серија А, Фиорентина го победи Удинезе благодарение на Стеван Јоветиќ.

Црногорецот ги постигна двата гола за пресвртот на Фиорентина откако Удинезе на полувремето водеше со голот на Маикузел.

СЕРИЈА А, 1. коло:

сабота:
Фиорентина - Удинезе 2:1 (0:1)
Јоветиќ 67, 90 - Маикузел 28

Јувентус - Парма 2:0
Лихтштајнер 54, Пирло 58

недела:
Милан - Сампдорија 18:00
Рома - Катанија 20:45
Аталанта - Лацио 20:45
Киево - Болоња 20:45
Џенова - Каљари 20:45
Палермо - Наполи 20:45
Пескара - Интер 20:45
Сиена - Торино 20:45

 

25 август 2012 - 23:15