Со оглед на лошиот трансфер пазар на Милан и Интер, екипата на Јувентус е најголем фаворит за титулата во Италија. Коефициентот за одбрана на нивната титула според кладилниците е 2,1. Можеби овој коефициент ќе беше уште помал, односно шансите за нивната одбрана на титула ќе беа уште поголеми, но суспензијата на нивниот тренер Антонио Конте има негативно влијание на тимот.
Следни според коефициентот (4,0) се фудбалерите на Милан, а трета е екипата на Интер со коефициент 5,75. Рома и Наполи имаат коефициент 10, а Лацио 50.
Најмали шанси за титула односно најголеми шанси за испаѓање од лигата имаат Пескара, Киево и Сиена за кого коефициентот е 750.
Најдобриот стрелец од минатата сезона, Златан Ибахимовиќ ја напушти лигата, па вториот најдобар од минатата сезона, Диего Милито, заедно со Антонио Ди Натале и Матиа Дестро со коефициент 7 се фаворити за освојување на ова признание во новата сезона. Зад нив е Единсон Кавани со со коефициент 7,5.