Екипата на Јувентус ја прослави титулата, но јубилејна 30-та титула која носи и трета ѕвезда на грбот на клубот, прославија само нивните навивачи.
Јувентус освои 30 титули, но само 28 се бројат официјално откако им беа одземени две титули заради аферата „Калчополи". Шампионскиот трофеј од 2005-та му беше врачен на Интер, а графата на листата на шампиони до 2006-та година сега е празна.
Интересна е и медиумската битка за бројот на титули.
Весникот Tuttosport кој е познат по својата про-Јуве линија, на својата насловна страна имаше огромна 30-ка. Насекаде во текстовите во нивното вчерашно издание тие пишуваа за 30 титули, а за прославата во Торино напишаа: „Градот е во делириум. Бројот 30 е насекаде."
La Gazzetta dello Sport, весникот кој е наклонет кон тимовите од Милано, сакаше јасно да стави до знаење дека Јувентус има освоено 28 титули, па на горното ќоше од секоја втора страна од весникот ја вметнато и бројката 28.
Corriere dello Sport традиционално е фокусиран кон клубовите од Рим, но тие ја избегнаа полемиката за бројката и само го цитираа генералниот менаџер на Јувентус, Џузепе Марота кој инсистираше на бројката 30.
Сепак, колку и да се, тоа претставува рекорд во Италија, но и оваа титула има уште поголема вредност ако се знае дека Јувентус до неа стигна по 37 одиграни натпревари, а по ниту еден од нив фудбалерите на Јуве не го напуштија теренот со спуштени глави.