Таг: серија а

Дел Пјеро ја пишува историјата на Јувентус

Алесандро Дел Пјеро има постигнато многу голови, но во сезоната која можеби му е последна како фудбалер на Јувентус и како фудбалер воопшто, „Пинтуричио" го постигна еден од најважните голови во неговата кариера и тоа токму на неговиот 700. настап во црно-белиот дрес.

Пандев ги налути навивачите на Лацио

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација заборави на 159-те настапи и 48 гола во дресот на Лацио, па по постигнатиот гол за Наполи тој направи гест со кој ги разлути навивачите на неговиот поранешен клуб.

Пандев стрела против своите, Јуве се врати на врвот

Заради католичкиот Велигден, сите натпревари од италијанската Серија А се одиграа денес, а фудбалерите на Милан имаа најубав велигденски подарок за Јувентус. Тие му го подарија врвот на табелата откако загубија на домашен терен од Фиорентина. Горан Пандев постигна гол за Наполи против Лацио.

Фудбалерите на Бари се растуриле од местење

Италијанската полиција синоќа организираше нова тура на апсења, а овој пат на мета беа фудбалерите на Бари кои се растуриле од местење натпревари во минатите две сезони додека беа во Серија А.

Јувентус до рекордни 31 натпревар без пораз

Јувентус го победи Наполи со 3:0 што беше и 31. првенствен натпревар во серија без пораз со што го сруши досегашниот клупски рекорд, а воедно му се доближи на Милан на -2.

„Дербито на Италија“ му припадна на Јувентус

Јувентус со 2:0 го победи Интер на натпревар помеѓу едни од најголемите ривали во Италија и не му дозволи на Милан да ја зголеми предноста на табелата во Серија А.

Кавани херој на Наполи, агонијата на Интер продолжи

Во 28-то коло од италијанската Серија А, Удинезе пропушти предност од два гола и на крајот ремизираше со Наполи, а Интер ја продолжи агонијата и одигра без голови со Аталанта.

Јувентус со петарда му одговори на Милан

Милан славеше на гостувањето кај Парма со 0:2, а оваа победа како да ги разлути фудбалерите на Јувентус кои со 0:5 ја декласираа Фиорентина и не му дозволија на актуелниот шампион да ја зголеми предноста на табелата.

Светските шампиони играат за Јувентус и Интер

Совет за селекторите. Ако сакате да освоите Светско првенство, во својата репрезентација вклучете што повеќе фудбалери кои играат во Серија А и тоа по можност од Јувентус и Интер.

Милан побегна на +4 пред Јувентус

Екипата на Јувентус се уште е единствена непоразена екипа во Италија, но сега има повеќе нерешени од победи, па заостанува со четири поени зад Милан кој полека чекори кон одбрана на титулата.

Интер победи во десеттиот обид

На денот кога клубот прослави 104 години постоење, фудбалерите на Интер конечно ја прекинаа црната серија од девет натпревари без победа. Наполи го совлада Каљари на натпревар со девет голови, но во листата на стрелци не се запиша Горан Пандев.