Јувентус до рекордни 31 натпревар без пораз

Јувентус го победи Наполи со 3:0 што беше и 31. првенствен натпревар во серија без пораз со што го сруши досегашниот клупски рекорд, а воедно му се доближи на Милан на -2.

По поништениот гол на Мунтари на меѓусебниот дуел, екипата на Јувентус искористи уште една судиска греша во штета на Милан и со победата над Наполи го намали заостанувањето на само 2 поени.

Фудбалерите на Наполи во текот на целиот натпревар ниту еднаш не успеаја да ја упатат топката во рамките на голот на Јувентус, а во второто полувреме три пати ја вадеа топката од својата мрежа.

Стрелци за головите на Јувентус беа Бонучи, Видал и Кваљарела.

Горан Пандев влезе во игра во 61-та минута.

Милан поведе со голот на Робињо во 34-та минута, но фудбалерите на Катанија вложија многу труд во второто полувреме и успеаја да стигнат до изедначување преку Споли.

Во продолжението Милан тргна со сите сили кон голот на Катанија и неколку пати се закани кон противничкиот гол, а при една шанса на Робињо не му беше признат гол и покрај тоа што топката ја помина гол-линијата.

Андреа Страмачони имаше пеколно деби во Серија А. Интер ја победи Џенова со 5:4 на луд натпревар со четири пенали и два црвени картони.

СЕРИЈА А - 30. КОЛО

сабота:
Катанија – Милан 1:1
Споли 57 – Робињо 34

Парма – Лацио 3:1
Ванијама 6, Флокари 12, 72 - Скалони 37

недела:
Јувентус – Наполи 3:0
Бонучи 53, Видал 75, Кваљарела 83

Рома – Новара 5:2
Маркињош 25, Освалдо 35, Симплисио 55, Кркиќ 61, Ламела 92 - Карачоло 17, Моримото 77

Лече – Чезена 0:0

Каљари – Аталанта 2:0
Конти 10, Пиниља 55

Фиорентина – Киево 1:2
Љајиќ 71 - Пелисие 24, Ригони 88

Болоња – Палермо 1:3
Соренсен 50 - Будан 68, Хернандез 77, Иличиќ 86

Сиена – Удинезе 1:0
Дестро 70

Интер – Џенова 5:4
Милито 13, 27, 85пен, Самуел 38, Зарате 74 - Морети 45, Паласио 59п, Џилардино 80п, 90п

1 април 2012 - 23:05